Позитив на денот: Ведран ја прегрнува својата учителка преку телевизорот
Ведран е едно мало и искрено момче, кое деновите ги поминува дома, наместо на училиште, каде ги слуша предавањата од учителката. За љубовта и приврзаноста кон неговата учителка Снежана говори и оваа фотографија.
Имено, кога Ведран ја следел ТВ училницата во која неговата учителка држела час, станал и го прегрнал телевизорот.
Ова мало срце е позитив на денот, ни покажува колку многу љубов има во детското срце.