Позитива на денот: Четвртоодделенците од „Стив Наумов“ организираа Априлијада од дома
Оваа година за првпат на 1 април по долго време не дочека снежно утро. Но, овој 1 април исто така е поинаков и по тоа што за првпат учениците нема да можат маскирани да одат на училиште од многу добро познатата причина - потребата да останеме во своите домови со цел да се заштитиме од коронавирусот.
Но, сепак нештата не се толку црни. Ведрина на овој ден донесе наставничката Елена Боневска од ООУ „Стив Наумов“, која сподели видео полно со позитива од нејзиното одделение. Имено, видеото е составено од фотографии на кои нејзините ученици се маскирани, секако од дома, а истото таа го сподели на својот Фејсбук профил.
„Малку топлина од IV б одделение ООУ „Стив Наумов“ во овој првоапрлиски снежен ден“ - напиша посветената наставничка Елена.
Недостасуваше позитива во овие денови, зарем не?