Познатата пејачка уште еднаш ги шокираше сите: Деми Ловато објави дека небинарна личност

Познатата пејачка уште еднаш ги шокираше сите: Деми Ловато објави дека небинарна личност

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Наведува дека она што направила го прави заради поддршка на сите оние кои не се осмелуваат да откријат што се!

Во новата епизода на својот подкаст, Деми Ловато сподели со јавноста дека е небинарна личност. Причината за ова е како што вели и самата, поддршка до сите оние кои со своите сакани не можат да споделат што се.

Деми Ловато наведе дека во последната година работела на себе и низ тоа сфатила дека е небинарна личност. Нагласува дека од тој момент официјално ќе ја користи заменката тие/нив. Смета дека небинарноста најдобро ја претставува флуидноста која ја чувствува во нејзиниот родов израз и ѝ овозможува да се чувствува најавтентично кон она што сè уште го открива.


Ова не е првпат Деми да зборува за својата сексуалност. Имено, во април, таа објави дека е пансексуална. Сега, на својот подкаст отворено зборуваше за нејзиниот родов идентитет, надевајќи се дека ќе ги инспирира другите небинарни луѓе да ја живеат својата вистина.

Доколку сакаш да го слушнеш целиот подкаст на Деми во кој разговораше со исто така небинарниот автор и уменик Алок Ваид - Менон, тоа можеш да го направиш на следниот линк.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: