Познатата раперка на ќерката ѝ купи чанта вредна како стан во Скопје: Нејзините следбеници ѝ порачаа само едно (ФОТО)
Раперката Карди Би се фотографираше со ќерката која во раце држи чанта вредна 50 илјади долари...
Карди Би на ќерката ѝ купи скапоцена „Hermes Birkin“ чанта, чија цена е 50.000 долари.
„Јас и мојот најдобар пријател засекогаш“ - напиша раперката во описот на фотографијата на која нејзината ќерка ја држи скапоцената чанта.
Жолтата персоналзиирана дизајнерска чанта е шарена, во боите на виножитото и има и кристали. Карди Би и нејзиниот сопруг, Офсет, наводно со недели преговарале со дизајнерите за изгледот на чантата. Повеќе до 100 часа работа се вложени во истата.
Подарокот кој раперката ѝ го подари на својата ќерка ги разбесни нејзините следбеници. Мислењата се претежно поделени, но најчестите коментари се дека подарокот е прескап за мало дете.
„Апсолутно е одвратно што оваа бесрамна позната личност ѝ подарила персонализирана чанта од 50.000 долари на својата размазена ќерка. Карди е мизерна“, „Сѐ додека може тоа да се дозволи, а да го научи девојчето на благодарност и да го навикне на добра работа, нека го прави“, „Фрла толку пари на чанта за дете, а на светот постојат луѓе чиј живот би се променил со тие пари“, „Вредно работи за парите, оставете ја жената да живее“ - се само некои од коментарите на обожавателите.
фото: Принтскрин / Инстаграм