Познати ѕвезди чии деца се трансродови: Мислев дека е момче сѐ додека не ме погледна и кажа „Мамо јас сум девојче“

Познати ѕвезди чии деца се трансродови: Мислев дека е момче сѐ додека не ме погледна и кажа „Мамо јас сум девојче“

Објавена во: Совети // Семејство

Познатите личности во Холивуд имаат трансродови деца и со задоволство зборуваат за тоа дека ги поддржуваат...

Кога личноста се идентификува како трансродова, тоа значи дека нејзиниот родов идентитен, истражување и однесување се разликува од полот кој ѝ е препишан по раѓање, но не мора нужно да се стреми за целосно да го усогласи својот идентитет, тело и израз со очекувањата што општеството ги има од личностите со друг пол.

Во продолжение издвоивме неколку познати личности кои имаат трансродови деца:

# Наоми Вотс и Лиев Шрајбер

Познатата актерка Наоми Вотс и нејзиниот поранешен актер Лиев Шрајбер претходните години често беа видени со синот кој носи облека за девојчиња, дури и самите истакнаа дека повеќе не вршат притисок на нивниот син и дека ветуваат дека ќе го поддржат секој негов избор.

Иако никогаш јавно не сакаа да зборуваат за своето семејство, Лиев Шрајбер пред некое време со синот се појави на премиерата на новата сезона од серијата „Stranger Things“.

Познатиот актер и неговиот син привлекоа големо внимание, пред сѐ бидејќи Семјуел на премиерата се појави мини розово фустанче со карнери, кое го имаше искомбинирано со бели сандали со високи потпетици.

# Шарлиз Терон

Актерката Шарлиз Терон во 2012 година посвои дете. Таа прво објави дека станала мајка на момче, но во април 2019 година, за „Daily Mail“ кажа дека Џексон е девојче.

„Да, јас исто така мислев дека таа е момче. Сѐ додека не ме погледна кога имаше три години и ми кажа: „Јас не сум момче““ - изјави пред неколку години актерката.

Набрзо потоа во едно интервју нагласи колку е важно медиумите да ги користат точните заменки.

„Мислам дека ни стана потешко сега кога таа е постара, бидејќи луѓето за неа и понатаму пишуваат користејќи ги погрешните заменки, а и јас зборувајќи за медиумите користев погрешна заменка. Поради тоа се чувствуваше лошо. Не сакам да бидам таква мајка и затоа го кажав она што порано не го имав кажано“ - посочи Шарлиз.

# Шер

Чаз Боно, единственото дете на пејачката Шер и Сони Боно во документарецот од 2011 година, „Becoming Chaz“, на светот му ја сподели својата приказна за транзицијата.

Неговата мајка во 2013 година зборуваше за тоа и откри дека транзицијата на Чаз ги зближила.

За проблемите со кои се носел пред операцијата, првпат отворено проговори во итнервју кај Опра Винфри во 2011 година.

„Животот беше многу тежок пред операцијата, особено кога поминував низ пубертетот. Не знаев како да ги исполнам туѓите очекувања и се чувствував како сопственото тело да ме издава. Од атлетски градено девојче станав жена со облини и тоа ме прелашуваше“ - кажа тогаш.

# Анџелина Џоли и Бред Пит

Најстарото биолошко дете на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит - Шајло е родено како девојче, а во 2014 година на мајка си и татко си им посочило дека сака да ја нарекуваат Џон, на што се согласиле и двајцата.

„Таа сака да ја викаме Џон. Џон или Петар, а јас мислам дека тоа е поради Петар Пан. Тогаш морам да прашам: „Џон, сакаш ли малку сон?““ - раскажа актерот, а неговите зборови подоцна ги потврди и Анџелина.

До неодамна се зборуваше дека Шајло сакала да го промени полот, што предизвика големо внимание. Претходните години, ќерката на Анџелина и Бред можевме да ја видиме само во облека за момчиња и со кратка фризура, додека ситуацијата денес е сосема поинаква.

Иако Шајло со години го има истражувано својот идентитет, последната една година сѐ почесто може да се види во женствени изданија, а можевме да ја забележеме и нејверојатната сличност помеѓу мајката и ќерката.

# Синтија Никсон

Актерката Синтија Никсон во 2018 година на Инстаграм сподели емотивна порака за својот трансродов син Семјуел, кој некогаш се викал Саманта. Никсон, која е во брак со Кристин Маринони, Самјуел го доби со поранешниот сопруг Дени Мозес.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: