Познати личности кои ги разочарале обожавателите: 8 од нив кои биле навистина непристојни кон своите фанови
Студен туш за фановите...
Ниту на познатите не им е лесно. Тие секогаш се во центарот на вниманието, сакале или не. Дури и во слободното време. Тие не можат да одат никаде без да бидат опкружени со фанови. Дали поради тоа е оправдано да бидат груби кон фановите?
Ќе се чувствуваш ужасно ако ти се случи ситуација кога конечно ќе дојдеш до познатата личност која ја обожаваш, а таа кон тебе ќе се однесува безобразно и непристојно. Имаш во главата слика за таа личност и мислиш сѐ најдобро за неа, а потоа кога навистина ќе дојдеш во контакт со неа, сето тоа ќе падне во вода, бидејќи ќе те повреди со своето грдо однесување. Токму тоа им се случило и на овие луѓе. За некои познати личности се зборува дека се непристојни кон обожавателите. Иако од една страна за таквото однесување нема оправдување, сепак мораш и да ги разбереш, бидејќи и познатите имаат право да имаат лош ден и дури и самите обожаватели некогаш претеруваат. Но, некогаш со своето грдо однесување сепак претеруваат и за нив нема оправдување. Овие претерале и ја покажале својата лоша страна, навистина биле безобразни кон своите фанови.
# Канје Вест
Околу него во последно време постојано има некои контроверзии, но и понатаму има луѓе на кои им е драг и кои го сакаат како пејач. Пред една година имало ситуација која воопшто не му оди во корист на Канје и која зборува многу лошо за него. Еден обожавател му побарал автограм, а тој почнал насилно да се однесува кон него и обожавателот завршил на под. За таквото однесување нема оправдување.
# Џенифер Лоренс
Актерката е позната по тоа што не се однесува добро кон обожавателите, а дури и самата го има признаено тоа. некогаш едноставно е таква, бидејќи сака да ја остават на мир. Сепак, дали е тоа начин како да им побараш на луѓето да те остават на мир? Таа вели дека тоа е нејзиниот начин за одбрана.
# Деми Ловато
Пејачката и актерка наводно на еден „Meet & Greet“ настан, му се потсмевала на еден обожавател за тежината и подоцна не сакала со таа личност ниту да позира за фотографија.
# Ријана
Постојат дури неколку ситуации кога луѓето јавно ја прозваа Ријана поради однесувањето кое навистина било грдо. Пред 10-тина година на Интернет навреди девојка, која за матура се облекла како што се имаше облечено таа за еден црвен килим. Една година потоа, уште една ситуација. Обожавателите кои имале влезници за да ја запознаат пред концертот тоа не го направиле, бидејќи Ријана не сакала ниту да ги погледне, а не да зборува со нив.
# Меган Фокс
На однесувањето на Фокс се жалат сите, од обожаватели до луѓето кои работат со неа на филмовите. Секогаш некој има нешто лошо да каже за неа. Според сите нив, не е личност за која би можело да се каже дека е драга.
# Адам Левин
Пејачот на групата „Maroon 5“ на многумина им падна во очи кога се откри дека ја изневерувал сопругата, а не се однесува добро ниту кон обожавателите. Во една прилика кога една обожавателка му побарала автограм, неговиот одговор бил „не давам автограм на грди девојки“.
# Бед Бани
Раперот беше главен лик на едно вирално видео во кое се гледаше дека го фрла мобилниот на еден свој обожавател. Додека обожавателот се убидувал да направи селфи со него, Бани очигледно не сакал да се фотографира и наместо тоа да го каже на нормален начин, тој го земал мобилниот и го фрлил.
фото: Принтскрин / Инстаграм