Познатиот Грол го прифати предизвикот на десетгодишната Нанди: За што станува збор?

Познатиот Грол го прифати предизвикот на десетгодишната Нанди: За што станува збор?

Објавена во: Stars // Музика

Видеото во кое Нанди го повикува Дејв на дуел со тапани набрзо стана вирално и едноставно познатиот музичар не остана имун на нејзиниот повик!

Десетгодишната Нанди Бушел пред неколку недели го предизвика фронтменот на популарниот бенд „Foo Finghers“, Дејв Грол, на двобој со тапани и тој го прифати нејзиниот повик, пишува People.


Нанди прво објави видео во кое чука на тапани на песната „Everlong“ од Foo Fighters, а потоа на Твитер сподели посебна порака за Дејв.

„Сон ми е еднаш да чукам на тапани со Дејв Грил и сите останати момци од Fighters. Господине Грол, би сакала да ве предизвикам на „борба со тапани“. Ја обожувам песната „Everlong“, бидејќи е многу комплицирана за свирење и е многу брза, но воедно и тоа е она што е забавно кај неа“ - напиша Нанди.

Нејзината порака за брзо стана вирална, а кога дојде и до самиот Дејв, тој никако не можеше да ја одбие.


„Оваа песна не сум ја свирел, откако ја снимивме во 1997 година. Во последните неколку денови добив стотина пораки од луѓе кои кои ми го испраќаа твоето видео и ми велеа дека сакаш да свириш со мене. Ти си неверојатен тапанар! И многу ми е драго што токму на мојата песна одлучи да свириш и снимиш видео“ - рече тој, а потоа ја предизвика Нанди да ја отсвири песната „Dead End Friends“ од групата Then Crooked Vultures.

„Твојот рок пријател“ - стои во потписот.


Нанди набрзо ја сними својата реакција на реакцијата на Дејв и напиша дека не може да верува дека тој навистина и одговорил. „Ова е неверојатно“ - рече талентираното 10 - годишно девојче.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: