Познатите двојки сега прават и заеднички маникир: Што мислиш ти за овој тренд? (ФОТО)

Познатите двојки сега прават и заеднички маникир: Што мислиш ти за овој тренд? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Дали ќе направиш и ти нешто вакво со твоето момче?

Општо е познато дека голем број на трендови денес се движат токму од кланот Кардашијан - Џенер, но сега тоа повеќе не е случај! Овој нов тренд го започна Меган Фокс со своето момче.

Неодамна Меган Фокс го започна трендот во светот на познатите и заедно со својот вереник, Машин Ган Кели. Во прашање е специфичен маникир кој го имаат и двајцата, а ја одбележува нивната љубов и врска. Сѐ започна уште на крајот на минатата година, кога Машин Ган Кели ја лансираше новата линија со сопствени лакови за нокти, каде тој и Меган се појавија со скоро идентични нокти со нивните иницијали на нив.

Набрзо потоа, на овој тренд се приклучија и Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер, кои на Инстаграм покажаа дека и двајцата направиле маникир и на ноктите ги имаат иницијалите на својот сопружник. 

Потоа на трендот му се приклучи и Ким Кардашијан, која својот маникир делумно му го посвети на своето момче Пит Дејвидсон, исто како и Џеј Ло, чија посвета беше наменета на Бен Афлек.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: