Познати личности кои се потполно искрени: 12 од нив кои докажуваат дека не е срамота да се признаат проблемите со здравјето

Познати личности кои се потполно искрени: 12 од нив кои докажуваат дека не е срамота да се признаат проблемите со здравјето

Објавена во: Музика, Филм

Беа потполно искрени...

Поради социјалните мрежи, а и влијанието на другите, често ни изгледа дека животот на познатите личности се апсолутно совршени. Имаат многу пари, обожаватели и се познати ширум светот. Но, не е сѐ така бајковито како што изгледа.

Овие познати личности покажаа неверојатна храброст, бидејќи во еден дел од своите кариери излегоа во јавноста со своите проблеми со кои се носат. Не е сѐ така совршено, а токму тоа го докажуваат и проблемите со кои се соочуваат. Некои настале поради популарноста која ја имаат, додека други настанале уште во нивното детство и се видливи и денес кога имаат успешни кариери во различни индустрии.

# Кендал Џенер - анксиозност

Иако сме навикнати на гламурозниот и совршен живот на сите членови од семејството Кардашијан - Џенер, тоа очигледно не е така. Вистински пример за тоа е Кендал која отворено призна дека уште се бори со анксиозноста, но дека сега конечно нашла начин поради кој тоа успеава да ѝ помине. Често прави вежби за дишење и се потсетува дека тоа е анксиозност за да биде свесна дека треба да се смири и да си дојде при себе.

# Кара Делевињ - самоубиствени мисли

Кара е една од оние познати личности кои прилично се омаловажуваат и не се пишува многу за неа, освен кога станува збор за некоја драма. Таа призна дека постојано се борела со самоубиствени мисли на училиште, сѐ додека не сфатила дека има многу среќа. Мислела дека е потполно сама, а потоа заклучила дека околу себе има прекрасно семејство и пријатели и тоа го сфатила на време. Самоубиствените мисли почнале да ѝ се појавуваат поради луѓето кои ја искористувале и ѝ дале чувство дека е потполно сама.

# Хари Стајлс - анксиозност

Познатиот пејач призна дека со години размислувал за некој облик на терапија за психичкото здравје, но никогаш не успеал да замине на една таква. Најголем проблем му претставува големата количина на популарност, која ја добил во краток временски период. На крајот, конечно се одлучил за тоа кога го пишува својот последен албум, а кажа и дека тоа многу му помогнало, бидејќи кога пишува песни постојано се препрашува како тој всушност се чувствува и за тоа пишува. Од тогаш, константно ги поттикнува своите обожаватели, семејство и пријатели да ја испробаат терапијата, бидејќи на него му помогнала и повеќе од што очекувал.

# Селена Гомез - биполарно пореметување

Селена неколку години зборуваше за проблемите со депресијата, но долго не откриваше за што точно станува збор. Дури неодамна призна дека всушност ѝ било дијагностицирано биполарно пореметување. Призна дека е поприлично емотивна по природа и дека го чувствува сето она што се случува во светот во тој момент. Многу е емпатична за другите луѓе, а кажа и дека не се плаши од секоја нова дијагноза. Напротив, тоа уште повеќе ѝ помага кога ќе дознае повеќе информации за својата болест и сѐ помалку стравува од тоа.

# Камила Мендес - пореметување во исхраната

Познатата пејачка и актерка одлучила да побара помош кога влегла во светот на познатите. Кажа дека животот ѝ се променил преку ноќ, а со текот на времето сѐ повеќе не можела сама да се носи со тоа дека нема време за своето семејство и пријатели. Тоа било причината поради која во еден период имала пореметување во исхраната. Во животот одеднаш ѝ дошле нови луѓе, и тоа многу, а нејзиниот ритам на живот во потполност се променил - затоа одлучила да побара помош во облик на терапија и денес е воодушевена што се одлучила за тој чекор.

# Даниел Редклиф - опсесивно-комплусивно пореметување

Актерот кој ни е познат како Хари Потер, со опсесивно-комплусивното пореметување се бори уште од детството. На 10 години му било дијагностицирано, а помош побарал дури кога таа количина вознемиреност предизвикана од пореметувањето го спречила да го исклучи светлото во собата на 5 минути.  Потоа реагирал и побарал помош, а со ова се бори до ден денес.

# Лејди Гага – посттрауматско стресно пореметување

Иако и нејзиниот живот делува совршен, Лејди Гага призна дека се бори со посттрауматско стресно растројство. Во 2014 година во едно од интервјуата изјави дкеа била жртва на силување, а сето тоа се случило кога имала 19 години. Поради ова настало ова посттрауматско стресно растројство со кое се бори со години. Но, спомнува и една позитивна работа, а тоа е дека траумата и помогнала подобро да ги разбере траумите на другите луѓе.

# Мајли Сајрус - депресија

Мајли често зборуваше за својата борба со депресијата. Кај неа тоа исто така почнало многу рано, уште во тинејџерските денови, а кажа дека во еден момент дошло до тоа да се заклучи во соба и нејзиниот татко да морал да ја скрши вратата за да успее да дојде до неа. Наведе дека е голем противник на лековите, но дека и таа едно време морала да ги конзумира, за да ѝ се стабилизира психичката состојба.

# Лили Рајнхарт - анксиозност

Познатата актерка од серијата „Reverdale“ откри дека со месеци се борела со тежок степен на анксиозност. Поради тоа во тој период морала да даде и отказ на неколку работни места, бидејќи ја правеле анксиозна. Тоа ѝ се манифестирало и физички, така што таа неколку пати повраќала и имала панични напади. Таа кажа дека еднаш поминала 5 месеци во својата спална соба без да прави ништо друго, бидејќи само ја чекала својата следна актерска аудиција.

# Зејн Малик - анксиозност

Зејн во својата книга целосно си го отвори срцето и пишуваше за сопствените проблеми со кои се соочува откако стана дел од музичката индустрија. Иако обожава да настапува, пее и генерално ја обожава својата работа, анксиозноста го запира во тоа. Како што вели, дури и кога се обидувал да укаже на тој проблем, луѓето се сомневале во неговите проблеми и не му верувале, што навистина го фрустрирало, а ниту му помогнало на проблемот со анксиозноста.

# Зендаја - анксиозност

Вознемиреноста на Зендаја беше предизвикана од едно јавно појавување. Тоа беше во 2013 година во шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, каде Зендаја мораше да пее. Иако никогаш немала проблем со јавно настапување, таа изјави дека уште го има тој проблем, но само кога е пеењето во прашање. Кажа дека настапот во тоа шоу бил лош и дека не бил еден од нејзините најдобри настапи, кој сите го гледале, па поради тоа ѝ настанала анксиозноста. Оттогаш се бори со овој проблем.

# Кристен Стјуарт -  контрол фрик

Кристен призна дека била вистински контрол фрик. Тоа сѐ се случувало помеѓу нејзините 15 и 20 години, бидејќи ужасно ја вознемирувало тоа што не знаела како ќе испадне нешто - позитивно или негативно. Кога ѝ се случувала тоа, знаела дури и да се разболи и тоа многу ја исцрпувало.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: