Правила до кои мора да се придржуваат пријателите на Кајли Џенер: 9 од нив покажуваат дека е контрол фрик
Не знаеме кој би успеал да задржи пријателство покрај толку правила...
Кајли Џенер генерално нема многу пријатели. Таа секогаш се држи до тесниот и мал круг на луѓе кои ги има зад себе, но кои секогаш се тука за неа. Но, и тие имаат многу правила кои треба да ги следат доколку сакаат да се дружат со неа.
Кајли е една од најпознатите личности на светот и нормално е дека постојат некои правила на кои нејзините пријатели мора да внимаваат, најмногу поради јавноста, а особено кога се во прашање некои тајни и приватни работи. Но, некои правила се навистина апсурдни и претерани, бидејќи според нив излегува дека нејзините пријатели не можат да имаат свој приватен живот и сопствени приоритети, бидејќи сѐ е подредено според неа. „Your Tango“ издвои 9 правила до кои мораат да се држат нејзините пријатели, иако ги нема многу, туку неколку со кои е навистина многу блиска.
# Никој не смее да биде во врска со нејзино поранешно момче
Кајли не сака никој од нејзините пријатели да биде во врска со некое нејзино поранешно момче или пак со поранешно момче на некоја од нејзините сестри. Доколку некој го направи тоа, таа повеќе не се дружи со него, а ова правило е воведено поради крајот на пријателството со Џордин Вудс, која заврши со поранешното момче на Клои.
# Секогаш мора да ја изберат пред Кендал
Дека е посесивна, тоа го докажува и правилото во кое нејзините пријатели секогаш мора да ја изберат неа пред Кендал. Слична ситуација се случи и со Хејли Бибер, која на крајот остана во одлични односи со Кендал, а се оддалечи од Кајли.
# Нејзините бремености и раѓање на деца мора бидат држени во тајност
Една од најголемите тајни која мораат да ја чуваат нејзините пријатели е поврзана со нејзините бремености и раѓање на децата. Кајли воглавно е прилично таинствена во овој поглед, а тоа го видовме во претходните две бремености, па затоа ова правило ни е јасно.
# Кајли секогаш ги планира сите модни комбинации
Ако некој секогаш е задолжен за сите модни комбинации, каде и да се појави со пријателите, тогаш тоа е Кајли. Ужива во тоа таа и нејзините пријателки да имаат исти модни комбинации, што се гледа и по нивните појавувања во јавноста.
# Сите информации за целото семејство мора да ги држат во тајност
Ако си нејзин пријател, најверојатно често ќе поминуваш време кај членови од семејството Кардашијан - Џенер, па така и ќе знаеш многу нивни тајни. Во секој случај, тоа не смее да излезе на виделина, туку мора да се задржи за себе.
# Никој од нив не смее да разговара со Џордин Вудс
Џордин Вудс е поранешна пријателка на Кајли, која заврши со поранешното момче на Клои. Тристан ја изневери Клои со Џордин, а знаел, благодарение на тоа што е пријателка на Кајли. Во секој случај, по тој скандал, Кајли ги прекина сите врски со неа, а и никој од нејзините пријатели повеќе не смее да разговара, ниту да се дружи со Џордин.
# Секогаш сѐ се врти околу Кајли
Апсолутно секогаш сѐ мора да се врти околу Кајли. Таа очекува нејзините пријатели да издвојат максимално време за неа - од обично дружење, до излегувања и одење на разни настани. Некогаш немаат доволно време ни за себе, од тоа што ѝ се посветени на неа.
# Мораат да ги промовираат сите нејзини производи
Општо познато е дека Кајли денес произведува и продава сѐ и сешто, а нејзините пријатели се тука за да ѝ ги промовираат истите тие производи на социјалните мрежи. Дури и кога е во прашање тоа да мораат да ја носат облеката на која го пишува името на нејзините брендови.
# Кајли секогаш прво го избира семејството пред пријателите
Но, кога е во прашање семејството, Кајли секогаш го става на прво место. Нејзините пријатели мора да бидат свесни дека не смеат да се налутат поради тој факт, бидејќи семејството секогаш ѝ е на прво место.