Правило кое не би ти паднало на памет: Колку е идеалното траење на првиот состанок?
Останатото е или прекратко или предолго.
Се подготвуваш за првиот состанок со симпатијата и многу си нервозна бидејќи сакаш да помине супер, да нема незгодна тишина, дека му се допаѓаш... но и да не ви биде здодевно. Долколку состанокот се раздолжи и трае предолго, ти си веќе уморна или мораш да одиш дома за да учиш, а ти не сакаш да бидеш непристојна и да „побегнеш“ или ти е ужасно здодевно и не можеш да поверуваш дека со часови си заглавена со тоа момче.
Нема официјално правило кое говори колку би требало да трае првиот состанок, тоа зависи од личност до личност. Но, сепак, постои идеја која е добра трага, а се однесува на должината на првиот состанок. Првиот состанок, без оглед дали на него ти е супер или катастрофа, идеално би било да трае 57 минути. Наместо да се раздолжи на неколку часа, 57 минути се идеално време. Тоа ќе биде доволно време за супер да се забавуваш. а повторно не е толку долго за да не можеш да издржиш доколку ти е многу здодевно. Доколку се прашуваат научниците, доволно си само 3 секунди за да процениш дали некој ти е привлечен или не.
Кога тоа ќе земе предвид, 57 минути се и повеќе од доволно. Кога ќе се договарате каде ќе одите, напомени му го правилото до кое би сакала да се држиш и дека имаш 57 минути. За да бидеш сигурна дека откако ќе измине времето ќе заминеш, договори веднаш по состанокот дружење со најдобрата другарка - така ќе знаеш дека е време за да заминеш, а ќе можеш на неа веднаш во живо да и ги раскажеш сите детали. Ова е добро правило дури и кога ти е супер со некој, бидејќи така ќе останеш возбудена и до следниот состанок.
Од друга страна, доколку умираш од здодевност, барем ќе имаш добар изговор за да побегнеш дома, бидејќи порано веќе си најавила дека тоа е правило и планираш да се држиш до него. Ќе го избегнеш неудобното „бегање“ или чувството на вина, бидејќи не сакаш да ја повредиш личноста со која си на состанок.
Еден час е доволно време да ги дознаеш сите најважни информации за некој и подобро да се запознаеш, пробај и увери се и сама дека ова е нешто што сите треба да го знаат.