Пред 17 години Руслана направи спектакл на Евровизија: Сега има 47 години и изгледа вака (ФОТО)

Пред 17 години Руслана направи спектакл на Евровизија: Сега има 47 години и изгледа вака (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Беше пред 17 години, Евровизија, 2004 година, кога Руслана од Украина победи со песната „Див танц“.

Утре се оддржува првата полуфинална вечер од Евровизија и сите одвај чекаме да видиме како ќе не претстави нашиот Васил Гарванлиев.
А бидејќи периодов не држи  евровизиското расположение се потсетуваме на клучни моменти од Евросонг низ годините.

Руслана остана запаметена по нејзиниот настап години подоцна, додека за другите е и основната асоцијација на ова големо музичко натпреварување.

Музички времеплов: Евровизиската победничка Руслана во Скопје, во чест на Тоше Проески

Србија дефинитивно никогаш нема да заборави дека Руслана е „виновникот“ за фактот дека тогашниот претставник на Србија и Црна Гора, Жељко Јоксимовиќ, со песната „Лане моје“ го освои второто место. 

"Wild Dances"  ги имаше сите потребни елементи за победа, од песна, до глас, но и стас и став на пејачката. А видеото за оваа побдничка песна на YouTube има над 30 милиони прегледи.


Руслана денес има 47 години, но за неа како да запрело времето - таа воопшто не се сменила.

 Остана во најдобра форма и сè уште ужива голема популарност. Денес, Руслана учествува во презентирање на својата земја пред странци:

"Често ме прашуваат дали некогаш сум се чувствувала како културен амбасадор на Украина. Можеби можеме да го кажеме тоа поинаку, но единственото нешто што навистина сакав беше Европа да ги почувствува позитивните емоции што доаѓаат од Украина. Нашите тапани, ритам, костуми, тоа е нешто што таа не може да го заборави, па ми се чини дека успеавме “, напиша меѓу другото на својот Инстаграм профил.

По победата на Евровизија, таа беше вклучена во политички активизам некое време, а пред неколку години, фановите можеа да ја видат на истиот натпревар во Лисабон, каде се појави како поддршка на украинскиот кандидат и нивната земја, што предизвика голема носталгија кај многубројните обожаватели и лојални следбеници на Евровизија.

Таа активно ги поддржуваше демократските процеси во Украина во текот на 2004 и 2005 година и „Портокаловата револуција“, дури стана нејзин заштитен симбол и ја користеше својата музика за борба против трговијата со луѓе. Од 2006 до 2007 година, таа беше и член на украинскиот парламент.

Таа започна да се занимава со музика од рана возраст. Како 4-годишно девојче, започна да посетува музичко училиште, а во нејзините млади денови пееше во бендови. Дипломирала на Музичката академија за пијано и диригирање.

Руслана е во среќен брак со украинскиот продуцент и текстописец Олександар Ксенофонтов, од 1995 година, кој всушност е автор на текстот за нејзиниот незаборавен и победнички хит „Див танц“. Заедно тие ја водат компанијата LuxenBourg Studio, која снима радио и филмска музика.



извор:stil.kurir.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: