Пред 30 години на функционерите им удри шлаканица за реалноста: Денес се остваруваат нејзините зборови

Пред 30 години на функционерите им удри шлаканица за реалноста: Денес се остваруваат нејзините зборови

Објавена во: Совети // School zone

Таа им „удри шлаканица за реалноста“ на сите возрасни и зрели луѓе!

На Самитот за заштита на планетата Земја, кој се одржа во Рио во 1992 година, Канаѓанката Северн Калис Сузуки со својот говор, на само 12 години го стави целиот свет без зборови. Тогаш на сите функционери им посочи на сите потешкотии со кои се соочува еден обичен човек и како неговиот живот, всушност изгледа.

„Сами ги собравме парите за да дојдеме овде и поминавме пат од 8.000 километри за да ви кажаме на вас возрасните дека мора да се промените. Кога дојдов денес тука, немав никаква скриена програма. Дојдов да се борам за мојата иднина. Да се изгуби иднината не е исто што и губењето на изборите, или неколку поени на берзата. Дојдов овде да зборувам во име на генерациите кои доаѓаат. Дојдов да зборувам во име на градните деца ширум светот, чиј плач никој не го слуша.

Дојдов да зборувам за безброј животни кои умираат секој ден, бидејќи немаат каде да одат. Сега се плашам да излезам на сонце поради дупките во озонот, се плашам да дишам воздух, бидејќи не знам какви хемикалии може да содржи. До пред неколку години одев на риболов со татко ми во Ванкувер, мојот дом, а тоа беше така додека не најдовме риба отруена од рак. Секојдневно слушаме за животни и растенија кои умираат или засекогаш исчезнуваат од лицето на земјата.

Низ мојот живот сонував дека ќе видам големи стада животни, џунгли и дождовни шуми полни со птици и пеперутки, но сега се прашувам дали воопшто ќе постојат кога ќе имам деца. Дали вие се грижевте за ваквите работи кога бевте деца? Сето ова се случува пред наши очи, а ние се однесуваме како да го имаме целото време на светот и дека имаме решение за сѐ. Јас сум само дете и немам решение за сите проблеми, но сакам да сфатите дека ги немате ни вие. Не знаете како да ги поправите дупките во озонот, не знаете како да го вратите лососот во исушениот поток, не знате како да ги вратите изумрените животни и не можете да ги вратите шумите таму каде што денес има пустини. Ако не знаете како да ја поправите моменталната ситуација, ве молам, немојте дополнително да ја влошувате.


Тука сте можеби како делегати на вашите влади, деловни луѓе, новинари или политичари, но вие всушност сте мајки и татковци, браќа и сестри и секој од вас е нечие дете. Јас сум само дете, но знам дека сме дел од семејството кое брои 5 милијарди луѓе и 30 милијарди видови на живи суштества, а тоа границите и владата никогаш нема да го променат.

Јас сум само дете, но знам дека сето тоа нè засега сите нас и дека треба да бидеме обединети во постигнувањето на една единствена цел. Во својата лутина не сум слепа и во својот страв не се плашам да кажам што чувствувам. Во мојата земја создаваме толку многу отпад, купуваме, го фрламе, а сепак никој до нас во северните држави не сака да го сподели со луѓето во сиромашните земји. Дури и кога имаме повеќе од доволно, не сакаме да го делиме и се плашиме да оставиме нешто од своето богатство“ - кажа тогаш Северн.


Нејзиниот говор беше проследен со громогласен аплауз, но никој од присутните луѓе, изгледа не го сфати сериозно... Мислеа дека девојката претерува и дека опасноста од големи промени во природата и животот е предалеку!

Меѓутоа, две децении подоцна, се покажа дека Северн Калис Сузуки веќе видела во која насока оди светот, без да се преземе ништо во однос на бројните витални работи. Нејзиниот глас беше заборавен, а уништувањето на планетата продолжи.

И на крајо, кој беше во право - девојчето од 12 години или функционерите од многу земји во светот?


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: