Пред да ја објави новата песна, ја отпеа омилената: Еден од најголемите хитови на Шерифовиќ во изведба на Лина Пејовска (ВИДЕО)
Младата пејачка Лина Пејовска веќе почна да ја освојува балканската сцена. Така, на 19-ти овој месец таа ќе ја објави својата нова песна на српски „Бомбона“, во која прсти имаат вмешано нашиот најпознат композитор Дарко Димитров и пејачката од „Хјурикејн“ Сања Вучиќ.
Дека до објавувањето на песната не седи со скрстени раце, говорат и бројните настапи кои ги има ширум нашата држава, но исто така и каверите кои ги споделува на социјалните мрежи. Последен во низата кавери е оној за еден од најголемите хитови на евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, „Део прошлости“.
„Една од моите омилени. Уживајте“ - напиша Лина покрај видеото на кое ја пее оваа балада, а за одличната изведба потврда се бројните позитивни коментари под видеото, како и бројот на лајкови.
фото: Принтскрин / Инстаграм