Пред да стане позната, Сања Вучиќ изгледала потполно поинаку: Еве какви естетски зафати направила на себе (ФОТО)
Пејачката Сања Вучиќ е една од најатрактивните на српската естрада, меѓутоа, пред да стане позната изгледала потполно поинаку...
Пејачката Сања Вучиќ има одлични вокални способности, а специфичната боја на гласот ја издвојува од другите. Неодамна пишувавме за нејзиниот брат кој е голем заводник, додека пејачката исто така важи за една од најпосакуваните жени.
Освен неверојатниот талент за пеење и пишување текстови кои Сања ги има, може да се пофали и со атрактивен изглед. Таа до неодамна беше член на групата „Хјурикејн“, која освен неа ја сочинуваа Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ.
Со своите вокали, заносно тела и танц направија бум на естрадата, а мажите останаа маѓепсани.
Меѓутоа, ретко кој знае како изгледала Вучиќ пред многу години. Како мала имала вишок килограми, а неодамна сподели фотка на Инстаграм, која сведочи на тоа.
Многумина ѝ замеруваа дека правела корекции, но пејачката немала проблем отворено да зборува за тоа, и истакна дека ги корегирала само усните.
— Jane Doe (@JaneDoe0712) May 26, 2021
Во интервјуата кои ги дава за медиумите, Сања секогаш зборува дека е задоволна со изгледот.
фото: Принтскрин / Инстаграм