Пред еден од најголемите христијански празници, пристигна најголемата честитка „Небо и земја“!
Утрово низ сите улици се слушаше „Коледе, леде“, а вечерва сите христијански семејства ќе седнат на бадниковата трпеза, додека утре сите ќе се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.
Во пресрет на еден од најголемите христијански празници, неколку македонски изведувачи (Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна, Златно Славејче) ги сплотија своите гласови и ја отпеаа најубавата божиќна честитка „Небо и земја“. Истата доби и своја видео приказна која вчеравечер ја објавија на Youtube.
Уживајте во божиќната музичка честитка!
Среќни празници ви посакува редакцијата на hashtag.mk!