Пред фолк дивата Цеца лудо ја сакал неа: Како изгледа денес и што прави првата сопруга на Аркан?

Пред фолк дивата Цеца лудо ја сакал неа: Како изгледа денес и што прави првата сопруга на Аркан?

Објавена во: Живот // Живот

Тринаесет години биле во брак од кој имаат четири деца... 

Наталија Мартиновиќ, сопругата на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, го напуштила откако дознала дека се појавиле емоции помеѓу него и младата естрадна ѕвезда Светлана Цеца, тогаш Величновиќ, пишуваа медиумите во тоа време.

Откако тогашниот сопруг Жељко ѝ признал дека за заљубил во Цеца, Наталија ги спакувала куферите и заминала со нивните четири деца. На прашањето дали сопругата го напуштила поради пејачката, тој изјави:

„По 13 години брак со Наталија, јас се разведов. Мојата Маша се роди додека бев во хрватскиот затвор. Мојата жена и јас три години не бевме заедно. Имав три брака, но никогаш не бев женкар. Немав никакви љубовни афери. За 13 години, колку што бев со поранешната жена, ништо не се случи што би предизвикало сомнежи кај неа. Тогаш се заљубив во Цеца. Ѝ го кажав тоа на жена ми. Всушност, тоа постепено се случуваше. Цеца беше упорна. Отворено ми зборуваше за својата љубов  и јас полека ја прифатив“ - изјави Аркан во 1996 година.

Павле Стевовиќ, поранешниот финансиски директор на компанијата на Ражнатовиќ, во една прилика изјави дека Наталија и нејзините деца, денес живеат во Америка.

„Во Америка се, во Лос Анџелес. Знам дека живеат тешко, се мачат. Наталија чува деца. Ми велат дека разболела... Близнаците и Милена завршиле колеџ, работат по две работи за да можат да преживеат, а најмладата Маша, сѐ уште се школува“ - раскажа тој тогаш.

Наталија и Аркан во брак биле од 1981 до 1994 година. Аркан со Наталија добил четири деца, близнаците Војин и Никола и две ќерки Маша и Милена.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: