Пред кучето се преправале дека плачат: Неговата реакција е поубава од човечка
Сопствениците на златен ретривер по име Бејли одлучиле да го тестираат својот миленик и да проверат колку е сочувствителен. Затоа пред него се преправале дека се тажни, со цел да ја снимаат реакцијата на кучето.
Бејли на почетокот збунето ги следел сопствениците, се прашувал што се случува, а потоа почнал да ги теши со надеж дека ќе ги расположи.
Лаел по нив, ги туркал со шепите и се галел со нив, а сопствениците не криеле колку неговата реагиција ги израдувала.
Видеото на Јутјуб е вистински хит и досега има повеќе од 3 милиони прегледи, а оние кои го погледаа беа воодушевени од реакцијата на миленикот.