Пред почеток сте на нова врска: Мали тајни на големите љубови!

Пред почеток сте на нова врска: Мали тајни на големите љубови!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Во врската треба да вложувате. За да опстане вашата љубов мора секој ден да се трудите и да покажувате барем мали знаци на внимание.

Во здравите врски партнерите не чекаат посебна можност за да ја покажат својата благодарност и љубов, туку искрено уживаат правејќи убави работи еден за друг без некоја посебна причина.

Ова се некои од рбаотите кои редовно ги прават едни за други:

# Активно комуницираат

Што точно значи тоа? Имено, луѓето кои се во среќни и успешни врски навистина слушаат што им зборуваат нивните партнери. Слушаат што сакаат, што ги мачи, но ги слушаат и оние небитни работи кои другата страна ги раскажува. Освен тоа, знаат дека без воздржување може да го побараат својот партнер во кое било време во текот на денот или ноќта.

# Даваат комплименти

„Тоа не мора да биде љубезен комплимент дека сте најдобрата девојка на светот, но дури и пропратниот коментар, како 'прекрасна вечера' има големо значење на овој однос“ - објаснува Саманта Родман, психолог и експерт за врски.

# Не ги кријат емоциите

„Кога еден од партнерите чувствува дека треба со сила да ги 'извлекува' мислите и емоциите од другиот, таквиот однос може да биде многу оттуѓен“ - смета Саманта Родман, според која отворениот разговор за сопствените емоции и мислите е клучен за среќна врска.

# Не забораваат да кажат „те сакам“

„Среќните парови тоа го прават без размислување, без посебна причина, тогаш кога тоа од нив воопшто не се очекува. Во многу односи „те сакам“ доаѓа повеќе од едниот партнер отколку од другиот. Типично е едниот да води, другиот да следи. Пречесто го слушам изговорот 'не сакам премногу да ги користам овие зборови'. Во среќните односи, двајцата партнери го иницираат тоа говорејќи го и навистина го мислат кога ќе го изговорат“ - објасни Курт Смит, терапефт.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: