Пред повеќе од 50 години глумеше во филмот „Пипи долгиот чорап“: Еве како изгледа денес и што прави (ФОТО)
Таа имаше само осум години кога ја доби улогата.
Филмот и серијата „Пипи долгиот чорап“ се снимени во 1969 и 1970 година, според книгата на Астрид Линдгрен, а непослушната девојка ја играше Ингер Нилсон. Таа тогаш имала само осум години и ја добила улогата на аудиција на која се пријавиле 8.000 деца.
Меѓутоа, поради тогашните закони, никогаш не ѝ беше исплатен хонорар за оваа улога.
„Пипи беше сосема поинаква од мене, јас бев повлечена девојка и имав различен карактер од Пипи“, изјавила Ингер во интервјуто.
По оваа улога, која ја одбележа нејзината кариера, публиката ја гледаше Ингер најмногу во театарот.
Денеска има 64 години, живее во Стокхолм и работи како секретарка. Таа е посветена на сопругот и децата, а пред десет години учествуваше во реално шоу во кое неколку познати личности престојуваат во џунглата неколку недели.
Иако одамна не е дете, многумина коментираат дека секогаш би ја препознале по нејзината карактеристична насмевка.
Фото:youtube/screenshot