Пред повеќе од седум години Цеца Ражнатовиќ откри: Својата венчавка ја замислувам на плажата „Сина лагуна“
Српската пејачка пред повеќе од 7 години во една прилика откри дека би сакала да се омажи по втор пат, како и дека церемонијата би сакала да се одржува на плажата „Сина лагуна“ со 10 најблиски пријатели.
„Би излажала кога би кажала дека не сум размислувала за повторно да се омажам. Дали би правела свадба? Верувам дека не, својата прослава пред сѐ ја замислувам како забава за семејството и пријателите“ - кажа своевремено Цеца за магазинот „Венчање“.
Иако пред 26 години се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан, пејачката не престанува да сонува за убава церемонија.
„Замислувам дека тоа би се случувало на плажата „Сина лагуна“. Тоа би било патување за 10 најблиски луѓе и би траело 7 дена. Да сум заљубена, можеби би можела да кажам нешто на таа тема. Сега мислам дека повеќе никогаш нема да се омажам, но никогаш не се знае. Можеби преку ноќ ќе го променам мислењето, доколку се заљубам“ - кажа пејачката.
Денес, таа е во среќна врска со Богдан Срејовиќ, но неодамна откри дека не би се омажила за него. Дали можеби ќе се сети на оваа изјава од пред 7 години и ќе го промени мислењето останува да видиме.