Предизвика вистинска дебата на најпопуларната социјална мрежа: ТикТокерка откри дека не се тушира (ВИДЕО)
ТикТокерката Ади Кирчнер на својот профил сподели видео во кое раскажа дека навистина ретко се тушира и дека воопшто не користи дезодоранс.
„Една работа во врска со мене е што сум „застоена“. Не користам дезодоранс. Се трудам да помина што е можно подолго без туширање. Користам шампон како четири во едно. Одам во кревет со валкани нозе“ - раскажува Ади во видеото кое го објави на ТикТок.
Додаде и дека не води сметка ниту за хигиената на својата коса.
„Четка за коса? Не знам шот е тоа. Едноставно не се грижам. Моето семејство е во шок, но уште не ми кажале дека смрдам“ - истакна Ади, и како што пишува „24сата“, предизвикала лавина коментари.
@addiekirchner #dirty crayola - sia
„И ти тоа го гледаш како флексибилност... Се надевам дека ти е удобно да бидеш сама“, „Сите малку повеќе се имате ослободено на оваа апликација“, „Ова навистина е одбивно“ - се само некои од коментарите на шокираните корисници.
Но, од друга стрнаа, сепак постојат и личности кои се согласуваат со Аби или го поддржуваат нејзиниот избор без оглед на тоа што тие самите никогаш не би постапиле така.
„Имам колешка на работа која го прави истото и не се бричи, ми се допаѓа тоа природното“, „Океј, живеј по свое. Биди среќна“ - ѝ порачаа некои од следбениците.
фото: Принтскрин / Инстаграм