Предизвикот со столче го освојува интернетот: Како функционира?
Овој „челинџ“ стана вирален и урнебесно е да се гледа како луѓето го испробуваат.
Доколку се уште немаш ТикТок, не знаеме што чекаш. Интернетот е полуден со новиот #chairchallenge кој се шири и е преурнебесен. Наводно може да го направат само девојките, а оние кои мислеа дека е лага тоа, пробаа и се уверија дека навистина е така.
Tried the tik tok chair challenge cause i thought it was fake...... #TikTok #ChairChallenge pic.twitter.com/5Nf5NYsMAt
— Izzy Sam (@SamTwizzy5) November 20, 2019
Истиот е многу едноставен за изведување. Се што ти е потребно е столче и ѕид. Треба да се оддалечиш три чекори од ѕидот, да се наведнеш така што главата ќе ти се потпира на ѕидот во агол од 90 степени. Потоа треба да го приближиш столчето на градите и да се исправиш. Што мислиш, едноставно ли е? Пробај!
Had everyone trying the #ChairChallenge @ office today & the gals could all do it, but the guys could not. Not even if they played football at West Point Sad. // @CaptainCons pic.twitter.com/rfffNq8tOC
— Kate (@katebarstool) November 19, 2019