Прегратки и бакнежи во чело: Дали Селена Гомез е во врска со пријателот на Милош Биковиќ?
Иако извори блиски на пејачката и актерка тврдат дека таа е слободна, странските папараци не го пропуштија друштвото во кое овие денови ужива Селена...
Пејачката и актерка Селена Гомез неодамна го прослави 30-от роденден, а во едно интервју истакна дека се надева дека во годината која е пред нас ќе го пронајде човекот на својот живот и ќе стане мајка, поради што, како што кажа, со задоволство ќе се одмори од кариерата.
Таа не откри дали веќе некој го има украдено нејзиното срце, но странските медиуми пишуваат дека можеби веќе има партнер.
Имено, британскиот „Daily Mail“, објави фотографии од одморот на Селена во Италија, каде американската ѕвезда се опушта на јахта со пријателите, а помѓеу нив се најде и италијанско-канадскиот филмски продуцент Андреа Јерволино.
Инаку, тој и во 2018 година беше спојуван со Селена во медиумите, но ни тогаш немаше потврда дека помеѓу нив постои нешто повеќе од пријателство. Извор близок до пејачката неодамна изјави дкеа таа е слободна и „отворена за љубов“.
„Се чувствува фантастично, ментално, физички и емоционално е многу здрава“ - додаде неименуваниот извор.
Како што пишуваат странските медиуми, Селена и Андреа многу време поминувале заедно за време на одморот, особено за време на нејзината роденденска забава, кога наводно биле видени како се прегрнуваат и танцуваат заедно.
Продуцентот повеќе пати ја бакнал актерката и пејачка во чело, но за жал, уште нема никаква потврда за нивната романса.
Тие двајца се запознале во 2016 година, за време на снимањето на филмот „In Dubious Battle“, а од тогаш папараците повеќе пати ги имаат фатено заедно.
Инаку, Андреа е многу успешен продуцент, кој за време на долгата кариера, повеќе пати е наградуван за својата работа со престижни признанија. На Филмскиот фестивал во Венеција во 2015 година ја доби специјалната нагрда „Mimo Rotela“ за работата на филмот „The Humbling“.
Основач е на повеќе компании, а на балканската јавност ѝ е познат поради неговото пријателство и соработка со спрскиот актер Милош Биковиќ. Тие се запознале пред неколку години во Рим, додека Биковиќ работел на филмот со Антонио Бандерас, по што Андреа решил да отвори огромно студио за анимација во Србија, како и компанијата „ervolino Entertainment“.
фото: Принтскрин / Инстаграм