Прегрнати, насмеани и заљубени?! Сања Вучиќ и Немања Гудељ заедно го прославија неговиот роденден
По повеќенеделните шпекулации за односот на пејачката од триото „Хјурикејн“, Сања Вучиќ и српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ, тие споделија заедничка фотографија...
Пејачката од триото „Хјурикејн“, Сања Вучиќ веќе некое време се поврзува со фудбалерот Немања Гудељ, кој моментално игра за шпанската „Севиља“.
Откако го привлекоа вниманието со комуникацијата на социјалната мрежа Инстаграм, музичката ѕвезда и спортистот вчера за првпат излегоа во јавност на исто место. Покрај пласманот на српската репрезентација на Светското првенство, се славеше и 30-от роденден на Гудељ. Сања, сподели фотографија која е направена на таа забава, а на неа таа е во прегратките на фудбалерот и една пријателка.
„Среќен роденден, родени“ - напиша пејачката на фотографијата.
Гласините за поврзаноста на Сања и Немања се појавија во текот на летото, кога тие постојано си ставаа „лајкови“ и си коментираа на објавите на Инстаграм, а и двајцата продолжија да го прават тоа и во наредните месеци. Во една прилика пејачката ги демантираше тврдењата дека помеѓу нив постои нешто повеќе.
„Немања Гудељ и неговиот брат Драги се мои другари. Сега не знам дали се мисли во романтична смисла... Па мислам, тој е супер лик“ - кажа Сања во една емисија.
фото: INSTAGRAM / PRESSINPHOTO / DDP USA / PROFIMED