Преку лето се менуваат „мејк ап“ правилата: Како правилно да се нашминкате за на плажа?

Преку лето се менуваат „мејк ап“ правилата: Како правилно да се нашминкате за на плажа?

Објавена во: Мода // Moj стил

Сонце, море, топлина... шминкањето на плажа не е толку едноставно, бидејќи опасностите кои може да ти ја уништат шминката се закануваат од сите страни. Следи ги овие неколку правила и твојот „мејк ап“ и во овие екстремни услови ќе изгледа беспрекорно.

Не постои погрешно место и време за шминка. Додека на некои шминкањето за на плажа им е незамисливо, другите девојки сакаат и во вакви случаеви малку да се нашминкаат. И тоа е сосема во ред. Доколку си во вториот тип на девојки и се шминкаш пред одењето на плажа, овие трикови ќе ти го олеснат животот. 

# Никогаш не ја прескокнувај кремата за сончање, дури и кога имаш шминка која има заштитен фактор.

# Производите во прав сега не ти требаат, кремастите и течните производи се оние кои треба да ги одбираш кога се шминкаш за на плажа.

# Побарај водоотпорни производи, тие полесно преживуваат и во контакт со вода, но и потта.

# Балсамите за усни се твои пријатели, а најдобри би ти одговарале некои проѕирни или некои со лесни бои.

# Кога ја поправаш шминката не повлекувај, туку тапкај. Имај на ум дека новиот слој го нанесуваш така што производите ги утапкуваш во кожата.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: