Прекумерното користење на Интернетот придонесе за зголемување на сајбер булингот: Проектот ,,Играта на зборови, може да повреди” ги охрабрува жртвите да пријават

Прекумерното користење на Интернетот придонесе за зголемување на сајбер булингот: Проектот ,,Играта на зборови, може да повреди” ги охрабрува жртвите да пријават

Објавена во: Stars // Интервјуа

Со цел да пружи помош на децата кои се жртви на сајбер булингот, но воедно и да се охрабрат и да го споделат проблемот, Црвен Крст при општинска организација Кисела Вода го креираше проектот „Играта на зборови може да повреди“. Средношколците Јована Петровска, Лука Димовски, Анастасија Илиевска и Моника Наумовска се помошници координатори на овој проект, а сето ова го организираат заедно со лидерот и координатор на млади на организацијата Маја Наумовска.

Пандемијата била клучна за да дојдат до идеја и да го спроведат овој проект во дело, бидејќи како што велат и самите тие со зачестено користење на Интернетот, значително се зголемила појавата на сајбер булингот. Преку проектот „Играта на зборови може да повреди“ овие млади луѓе се трудат да им помогнат на своите врсници за да се изборат со овој проблем и да соберат сила да го споделат јавно, а воедно и спречат навреме.

# Како дојдовте до идеја за да го креирате проектот „Играта на зборови може да повреди“?

Општинската организација Црвен Крст на Киселa Вода беше дирекно инволвирана во справување на новонастаната Ковид-19 ситуација. Со фукнкционирањето засебно и изолирано во домовите оваа светска пандемија донесе намалена социјализација и комуникација помеѓу луѓето, а особено околу самите адолесценти. Сето ова доведе до прекумерно користење на интернетот и електронските медиуми кои во вакви условиго овозможи овој вид на насилство, сајбер булингот да добие своја вистинска кулминација. На тој начин она традиционално насилство, булинг, кое за среќа значително се намали, добивме развивање на ново пострашно насилство, сајбербулингот, кое вешто се крие зад камерите и онлајн разговорите. Психичкото насилство т.е булингот има по суптилни начини на однесување кои создаваат внатрешни трауми кои потешко заздравуваат. А огромен е бројот на деца кои секојдневно трпат зборови кои болат до коска!

# Како да го препознаат и каде да се обратат жртвите на сајбер булинг?

Сајбербулингот е насилство кое има свои особености и карактеристики по кој е препознатлив, тоа е насилство кое најчесто се појавува како спам пораки, вознемирувачки пораки од приватен карактер, закани и слично. А, секој кој се чуствува како жртва на истиот или бил, потребно е повеќе да не молчи, бидејќи сега нашата организација нуди можност со отворениот сервис да зборува отворено за овој проблем, поточно може да не побара на телефонскиот број 071 30 30 11 или на нашата меил адреса mladi.kiselavoda@redcross.org.mk, каде по пријавениот проблем ние како организациија ќе го пренасочиме случајот кон одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје со кои имаме овозможено соработка, со цел собирање на сила, охрабрување и зборување за проблематиката.

# Која е вашата улога во овој проект? На кој начин им помагате на младите за да се подигне свеста и да се изборат засегнатите?

Улогата на нашата организација е да да ги охрабриме децата да зборуваат за овој проблем, да го споделат и истите да ги пренасочиме кон институциите надлежни за ваквите видови на проблеми. Најчесто децата имаат доза на страв и немаат храброст да го пријават проблемот во Одделот на превенција, па затоа ние ја играме улогата на посредници и поблага врска, каде децата преку постери, видео записи, фотографии, ги мотивираме да зборуваат јавно и да отпочнеме да го решаваме овој проблем. Бидејќи може да биде било кој од нас! Со направените разговори туе ги пријавуваат проблемите кај обучено лице - администратор при прва психолошка и психо социјална поддршка и истиот се канализира до одделението за превенција при секторот за внатрешни работи.

# Што покажува вашето искуство - колку младите се засегнати од овој проблем?На која социјална мрежа е најзастапен сајбер булингот и во која форма се јавува (приватни пораки, коментари,  споделување содржини)?

Ситуацијата во која моментално се наоѓаме налага сѐ поголемо и прекумерно користење на сите социјални мрежи ( Снапчат, Инстаграм, Вајбер и сл.) за сѐ понепречена комуникација помеѓу децата и возрасните. Тоа покажува дека секојдневно сме изложени на разик од сајбербулинг, вознемирување и слично, а најмногу кај децата кои не знаат да се справат со овој проблем, не знаат како да го препознаат и не знаат како да реагираат за навреме да го спречат.

# Како за крај, на кој начин може да се спречи младите несвесно да станат вршители на сајбер булингот, бидејќи на крајот од денот секој несвесно може да стане вршител?

Самата порака која сака да ја пренесе нашиот проект е доволна за да може да допре до неуморните детски срца и глави кои би разбрале дека оваа форма на врсничко насилство е многу полоша и потрауматична. Нашиот проект освен што сака да изврши превенција и охрабрување, има за цел и самите предизвикувачи на сајбербулинг да ги изведеме на правилниот пат, како за почеток да е дел од нас, Клубот на млади, во чиј склоп влегуваат деца кои се дружељубиви и комуникативни. На тој начин на овие деца дополнително би им покажале дека ,,Играта на зборови, може да повреди”.

И. Мисајловска


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: