Претседателот Пендаровски до матурантите: „Ги охрабрувам да бидат сигурни во себе и да веруваат со своите одлуки“

Претседателот Пендаровски до матурантите: „Ги охрабрувам да бидат сигурни во себе и да веруваат со своите одлуки“

Објавена во: Совети // School zone

Претседателот Стево Пендаровски, денес на својот Фејсбук профил сподели објава која ја посвети на овогодинешните матуранти. Имено, тој сподели видео, во кое зборува Лиле Стефановска, матурантка од скопската гимназија „Јосип Броз - Тито“.

„Запознајте ја Лиле Стефановска, матурантка од гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Скопје, генерација 2016-2020. Лиле низ видеото кое ни го испрати, ги раскажува предизвиците на оваа генерација на матуранти во време на пандемијата на #covid19, нејзините размислувања и планови за иднината. Ги охрабрувам сите матуранти да бидат сигурни во себе и да веруваат со своите одлуки кои ќе ја определат нивната иднина. Среќно!“ - напиша претседателот во описот на видеото.

Во продолжение погледнете го целото видео и обраќањето на оваа матурантка:


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: