Преубава и силна: Запознајте ја ќерката на Жан Клод ван Дам
Бјанка Бри е „поопасна“ од славниот татко!
На прв поглед, ќерката на Жан Клод ван Дам изгледа како нежна девојка, но очигледно дека е поопасна и од познатиот татко.
Бјанка Бри е девојка која сјае на големиот екран додека глуми покрај него.
Бјанка е актерка и режисер и се занимава со боречки вештини. Од мала се занимавала со спорт, а нејзиниот сон бил да учествува на Олимпијада.
За жал, повредата ја спречила да го оствари овој сон од детството. Во 2007 година, ја добила првата филмска улога “The Shepherd”. Ќерката на славнот актер и поранешна бодибилдерка Гледис Португез е доказ дека жената може да биде нежна, елегантна, женствена но истовремено и силна.
„Сакам да им покажам на девојките дека истовремено можат да бидат силни, мускулести и женствени. Да можете како дама да седите во вечерна тоалета во ресторан, а потоа да застанете во рингот и чесно да истепате некој, а и во тоа да останете женствени. Мојот татко на мојата генерација и ги претстави боречките вештини, а јас сакам да продолжам по негови стапки“, рекла Бјанка.