Причина за славење во семејството Кардашијан: Додека Ким се разведува, а нејзината сестра само што се вери

Причина за славење во семејството Кардашијан: Додека Ким се разведува, а нејзината сестра само што се вери

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Прстенот е прекрасен!

Двојката која уште откако почна да се состанува на никој не му беше споива, бидејќи уште сите се прашуваат како Кортни Кардашијан и тапанарот Тревир Баркер се најдоа на иста страница? Но, тие навистина успеаја во тоа, бидејќи само што се верија.

Иако се во врска само 10 месеци, тоа изгледа им било доволно за да се уверат дека се еден за друг. Тревис направи спектакл на една плажа во Калифорнија, каде се потруди да создаде вистинска романтична сцена како од филм. Илјадници ружи кои беа наредени во врска на срце и свеќи. Ја запроси Кортни со скапоцен дијамантски прстен.

Таму беа присутни и другите членови на семејството Кардашијан, како и ќерката на Тревис, Алабама, а сите се повеќе од воодушевени поради нив двајца. Веќе со месеци ги гледаме фотографиите на Кортни и Тревис како не можат да ги тргнат рацете еден од друг, а иако ова запросување не го очекуваше никој, неккао има смисла, бидејќи јасно се гледа дека се презаљубени. Извор близок до двојката за „E!News“ раскажа дека Кортни не го очекувала ова и дека се расплакала од среќа.

Честитките до двојата пристигнуваат од сите страни, а семејствата и на едниот и на другиот се воодушевени. Кортни и Тревис се толку вљубени еден во друг, што и за двајцата оваа врска е многу поинаква и попозитивна од минатите во кои биле. Извор близок на двојката откри и дека веќе почнале да зборуваат за брак.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: