Причината е едноставна: Зошто децата на принцовите Вилијам и Хари имаат различни презимиња?
Одлуката за тоа е донесена уште пред да се родат тие двајца...
Принцот Хари и Меган Маркл и понатаму се војвода и војвотка од Сасекс, иако официјално не се вклучени во кралските активности, ниту се сметаат за „високи членови“ на семејството. Меѓутоа, на инсистирање на Хари, нивните деца немаат никакви титули - Арчи не е принц, Лилибет не е принцеза. Им ги има додадено само презимињата Маунтбатен - Виндзор.
Според указот на кралицата Елизабета од 1960 година, овие презимиња ги носат сите наследници кои се откажале од титулата или на кои титулата им е одземена од некоја посебна причина.
Постариот брат на Хари, принцот Вилијам и идниот крал на Велика Британија, припаѓа на куќата Кембриџ, и тоа е презимето кое официјално го имаат неговата сопруга Кејт Мидлтон и децата. Така принцот Џорџ на училиште е запишан како Џорџ Кембриџ, а истото важи и за Шарлот, но и Луис, кој оди во градинка.
Додека не основале свое семејство, браќата го носеле презимето на основа на титулата на нивниот татко Чарлс. Бидејќи тој е принцот од Велс, Вилијам во војска бил капетан Велс, а неговиот брат - поручник Велс.
Интересно е што и Шарлот и Лилибет, нивните ќерки и единствени девојчиња во оваа линија, второто име го добиле во чест на нивната покоја баба Дајана.
фото: Принтскрин / Инстаграм