Причината е (не)себична, а срцето на војвотката е скршено: Кејт Мидлтон сака уште деца, а кралицата ѝ забранува
Откако во април 2018 година на свет го донесе принцот Луис, кој им се придружи на братот Џорџ и сестрата Шарлот, често на насловните страници се појавува дека Кејт Мидлтон, сопругата на британскиот принц Вилијам, е бремена.
Кралската двојка е во брак веќе полна деценија и три пати се радуваше за раѓањето на наследниците, а Кејт Мидлтон наводно сакала да роди уште три деца. Меѓутоа, од почетокот на оваа година се шпекулира дека до тоа нема да дојде поради забраната на кралицата Елизабета за двојката да го прошири семејството. Наводно, Елизабета Втора јасно ѝ ставила до знаење на сопругата на својот внук и втор по ред за тронот дека не смее да остане бремена. Кралицата наводно „има поинакви планови“ за Кејт Мидлтон.
„Во случај Кејт да остане повторно бремена, јасно е дека некое време би била на породилно отсуство и дека не би можела да ги извршува кралските должности“ - вели извор близок до Бакингемската палата за британските медиуми. „Со оглед на тоа дека, по заминувањето на Хари и Меган минатата година, многу работи паднаа на грбот на Вилијам и Кејт, кралицата не може да дозволи да отсуствуваат оние кои моментално работат најмногу за кралското семејство.“
Значи, Круната и земјата пред сè, па дури и за ваквите големи и лични желби. Како што пишува „National Enquirer“, на Кејт Мидлтон поради ова ѝ се „скршило срцето“ и не може да ѝ прости на кралицата за оваа забрана.
фото: Инстаграм