Причината е откриена: Зошто настануваат огромни дупки по земјотресите во Петриња?

Причината е откриена: Зошто настануваат огромни дупки по земјотресите во Петриња?

Објавена во: Живот // Живот

Ја открија причината...

Статичарите на Хрватскиот центар за земјотресно инженерство (ХЦПИ) во посета на областа Петриња, Глина и Сисак забележаа во последните денови на помалите места се повеќе отворени дупки - јами, кои се појавуваат во почвата каде што има многу вода и песок.

Неколку дупки се појавија под куќите, што не е безопасно затоа што почвата исчезнува под темелите, други во дворовите, некои на полињата… На еден тим статичари и архитекти сега им се придружија неколку геолози. На терен, може да се видат куќи кои изгледаат како да ги „изела“ земјата, пишува Јутарњи лист.

„Жителите на овие области мораат да обратат големо внимание на овој феномен и доколку имаат такви пештери- дупки, треба да повикаат геотехничари за да ги прегледаат“ - рече Јосип Аталиќ, координатор на HCPI.

Патем, геолозите и сеизмолозите истакнуваат дека појавата на дупки во земјата поврзана со земјотреси во Хрватска е многу ретка. Овој феномен се јавува за време на земјотрес на песочна почва заситена со вода и почвата ја губи силата и носивоста, се претвора во течна или полу-течна состојба и исфрла талог надвор.

Деновиве се пријавени неколку вакви случаи, на пример, во Плањко, Галдово и Тополовац...

„Се појави дупка во нашиот двор. Во Плањко има многу слични, како и пукнатини во дворовите. Насипот се санира поради свлечиште каде имаше големи пукнатини во земјата. Бевме посетени од сеизмолог и геолози и тие допрва треба да прават анализи“ - рече Бернарда Божек Белоглавец, дипл. инженер по физика

Што се однесува до обиколките на оштетените згради, има околу 200 статистичари - на терен волонтираат конструктори и архитекти, а има и регистрирано 700 волонтери, но не секој може да биде постојано на терен поради работа, и ќе има ротации. Во текот на изминатите неколку дена, 5.200 згради се прегледани, а 16.800 се пријавени за преглед.

Категориите се црвени, односно за згради каде што не смее да се остане, жолти за оние кои се привремено неупотребливи додека не се поправи одреден дел, зелени за оние кои имале мала штета, но всушност се во ред, и бели за оние кои немаат штета. Досега има 1.010 црвено обележани згради, 1.333 жолти, 149 бели и повеќе од 2.500 зелени.

Извор: N1

Фото: Sandra Simunovic/PIXSELL


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: