„Пријателите“ од средно кои можеш да ги оставиш таму: Тие секако не ти се вистински пријатели
Ќе ти биде подобро без нив...
Крајот на средното училиште е тука, само уште неколку испити од државната матура и можете да го оставите зад себе овој период од вашиот живот. Некои убаво се забавуваа, други едвај чекаа да заврши. Во која група и да сте, сигурно сте оствариле многу пријателства во средно училиште, некои за кои знаете дека ќе бидат до крајот на животот, а можеби и некои што не се најубави. Оние врски што ви носат поголем стрес и драма отколку пријателство, не се вистински пријателства и нема потреба постојано да се дружите со такви луѓе и да им дозволувате да ве искористат. Ова се типови на луѓе од средно училиште кои без никакви грижи можеш да ги избришеш од животот откако ќе завршиш средно.
# Оние „пријатели“ кои секогаш те барале за да им дадеш да препишуваат и ти додевале за време на тестовите.
# Оние „пријатели“ со кои си се дружел/а затоа што сте учеле во ист клас.
# Оние „пријатели“ кои никогаш немале време кога ти биле потребни.
# Оние „пријатели“ со кои секоја секоја недела си се карал/а и смирувал/а - и така во круг четири години.
фото: Rido / Shutterstock