Пријателки рушат предрасуди: Позираат во исти комбинации за да покажат дека големината на телото не значи ништо
Изгледаат подеднакво добро, иако имаат апсолутно различни тела...
Сакаат на сите да им дадат до знаење дека големината на телото не смее да те спречи да се облекуваш онака како што сакаш. Можеш да си слаба или „плус сајз“ девојка, но доколку имаш стил, ќе изгледаш топ без оглед на големината на телото.
Моментално популарен облик на тело е песочниот часовник и сите девојки се обидуваат да изгледаат да имаат што помала половина, а што пошироки колкови. Изгледа како на оние со ваков облик на тело, секоја облека да им стои идеално и изгледаат подобро отколку оние преслабите девојки без облини или оние пополните. Затоа тука се Денисе и Мариа, две пријателки кои на сите девојки сакаат да им дадат до знаење дека големината на телото и стилот не се поврзани, туку дека секој може да изгледа убаво, без оглед на големината на телото, секако доколку има стил.
Така почнале да снимаат видеа во кои купуваат иста облека, но во две апсолутно различни големи. Од тие парчиња создаваат идентични комбинации. Сето тоа го прават со една цел - да докажат дека секое тело може да изгледа добро во вакви комбинации и да ги срушат предрасудите кои особено се јавуваат кон девојките кои се пополни.
Секако дека облеката им стои поинаку, но не може да се каже дека ниту на едната, ниту на другата изгледа лошо. Испробуваат најразлични комбинации - од оние секојдневните изданија, преку оние средните до оние најелегантните. Мора да посочиме дека станува збор за комбинации кои често ги гледаме на Инстаграм моделите.
Какво и да е твоето тело, тие ќе ти покажат дека немаш од што да се срамиш и дека треба да се охрабриш да ја облечеш онаа комбинација која веќе долго сакаш да ја носиш. Ако ништо, за почетокот пробај ја дома и испрати им фотографии на пријателките. Не е важно дали носиш конфекциски број 32 или 44, доколку имаш стил и облеката ја носиш со самодоверба, ќе изгледаш топ.
фото: Принтскрин / Инстаграм