Пријателот ви е во депресија: Што треба, а што не треба да направите?
Сите сте ја слушнале поговорката дека „Пријателот во тешко се познава“. Но, кога треба да интервенирате и кога е подобро да се повлечете?
Погледнете што треба да направите и што не треба да направите кога некоја ваша блиска личност страда од депресија.
Депресијата е една од болестите на модерното време. Се смета дека еден од десет луѓе страда од некаков вид на депресија. Справувањето со истата не е лесна задача, а честопати на човек му е потребна пријателска рака за да победи и да се врати на нормалниот начин на живот.
Како да му помогнете на пријателот што е во депресија?
# Поттикнете го да зборува
Првиот чекор е да го поттикнете да зборува, но не го притискајте. Обидете се да поставувате многу прашања. Во никој случај не судете или не носете пресуда, особено ако тој не ве прашал за спротивното. Покажете сочувство и видете го проблемот од перспективата на пријателото. Но, запомнете првично може да наидете на отпор, затоа бидете трпеливи.
# Охрабрете го да побара помош
Депресијата не е само тага. Оваа сериозна болест не многу разбрана во нашата земја. Честопати, за да се справиме со истата, треба да побараме стручна помош од психолог. Охрабрете го вашиот пријател, дури и помогнете му да го најде вистинскиот терапевт.
# Дознајте повеќе за депресијата
За да му помогнете на лице кое пати од депресија, треба да бидете свесни за тоа што го доживувате. Депресијата е сериозна болест, па затоа научете што е можно повеќе за неа.
Не заборавајте да се грижите и за себе, бидејќи товарот што го носите не е помал. Најдете свој начин да се ослободите од негативните емоции. Во спротивно, може да се најдете во ситуација кога ќе ви треба помош и на вас.
# Помогнете во секојдневните задачи
Дневните активности се честопати најголем предизвик за лицата со депресија. Обидете се да помогнете на ненаметлив начин, без да го истакнувате тоа. Користете реченици од типот на „Дали сакаш да одиме до продавница?“ или „Што можам да направам за тебе?“. Понекогаш треба да бидете само друштво за вашиот пријател додека тој прави нешто.
# Не престанувајте да бидете поддршка
Депресивните луѓе честопати се изолирани. Тие никогаш не можат да ве повикаат или да побараат да се вратите. Не земајте го тоа лично, не одбивајте. Бидете упорни со вашата помош и имајте на ум дека начинот за справување со депресијата не е лесен.
Што никако не смеете да правите?
# Не инсистирајте - не постапувајте како ментор што укажува на грешките. Не го терајте пријателот да следи некој специфичен начин за да оздрави. Ова однесување предизвикува депресивните луѓе да се затворат уште повеќе во себе.
# Не сфаќајте ништо лично - доколку вашата помош е одбиена на почетокот не е тоа за да ве навреди лично, туку е нормално однесување на личноста која е во депресија.
# Не споредувајте - никогаш не прави споредба со други луѓе. Човекот е индивидуален, проблемите и начините за нивно решавање исто така.
# Не се правете терапевт - депресијата е сериозна ментална болест која бара професионална интервенција. Може да помогнете со разговор, но не и со насоки за решавање на проблемот.