„Пријателот во неволја се познава“: Андреј од ДНК и Наум Петрески со ќерката и синот на рекреативен риболов
„Пријателот во неволја се познава“ е позната изрека која во пракса често се покажува како точна.
Патот до среќата може да го најдете, само ако најдете време за пријателот. Најверојатно Андреј од дуото ДНК се водел по оваа изрека па среќа е кога има пријател како фолк-пејачот Наум Петрески.
Фотографијата која ја објави Андреј на Инстаграм кажува многу. Освен музиката што ги спојува, тука е и пасијата кон рекреативниот риболов.
Андреј објави фотографија со неговата ќерка Јана, Наум и неговиот син Стефан додека се на кејот на Црн Дрим и ловат риби.
„Ајде, ајде едно рипче за добро здравје!“, напиша Андреј на фотографијата.
Фото: Инстаграм