Пријателства на познатите кои завршија со драми: Некои кавги траат и денес

Пријателства на познатите кои завршија со драми: Некои кавги траат и денес

Објавена во: Совети // Другарство

Некои пријателства на познатите завршија во кавга...

Често можеме да видиме како познатите личности меѓусебно склопуваат пријателства. Заедно патуваат, прославуваат родендени, одат на настани, се фотографираат пред новинарите, а потоа згаснуваат. Некои пријателства беа попопуларни од други, но исто така популарни беа и драмите кои настануваа откако нивните односи се нарушуваа. Јавноста дефинитивно не ги заборава, а некои од нив траат дури и денес.

Како што и ние сме имале пријателство за кое сме мислеле дека ќе трае вечно - така имале и светски познатите ѕвезди (некои се обидувале и повеќе пати). Но, пријателствата не се секогаш едноставни и лесно како што мислиме - во секој однос се потребни две личности за истиот да функционира, а некогаш не се двете страни согласни за тој однос да успее. Прекинувањето на пријателствата знае да биде тешко, но доколку сфатиш дека тоа во тој момент е најдобро за тебе - „go for it“. Тоа го сфатиле и овие познати личности кои повеќе не се дружат, но нивните пријателства завршија и со понекоја драма...

# Џејмс Чарлс и Тати Вестбрук

Јутјуберот Џејмс Чарлс и неговата поранешна менторка, исто така јутјуберка, Тати Вестбрук не се пријатели веќе три години. Нивниот однос започна благодарение на Јутјуб, бидејќи Тати му беше менторка на Џејмс, додека тој беше почетник. Но, нивниот однос се распадна и Тати наведе дека причината за тоа било промовирањето на нејзините конкурентски компании за производство на витамини за коса од страна на Џејмс.

# Кајли Џенер и Џордин Вудс

Кајли Џенер и Џордин Вудс беа најдобри пријателки со години. Скоро секој ден го поминуваа заедно, одеа заедно на настани, скоро сè правеа заедно додека Џордин не беше уловена дека имала нешто со Тристан Томпсон, момчето на Клои, сестрата на Кајли. По овој скандал, Кајли повеќе не е видена во друштво на Џордин, но ниту сакаше да ја коментира ситуацијата јавно.

# Мајли Сајрус и Деми Ловато

Мајли и Деми се познаваат многу години со оглед на тоа дека и двете беа ѕвезди на Дизни. Нивното пријателство почна да се распаѓа откако почнаа јавно да се караат - од тогаш повеќе не се дружат, додека некои мислат дека нивното пријателство трае сè уште.

# Ријана и Кети Пери

Ријана и Кети Пери беа неразделни сè додека Ријана не одлучи да му се врати на поранешното момче, Крис Браун. Потоа нивниот однос се олади, но повторно се поправи кога Ријана ја прекина врската со Крис. Како и да е, нивното пријателство повеќе никогаш не остана исто. Во 2015 година, Кети на својот Твитер профил јавно застана против Ријана, изразувајќи очигледно незадоволство околу нејзината нова песна „Bitch Better Have My Money“.

# Тејлор Свифт и Кендал Џенер

Тејлор Свифт е позната по тоа дека имала многу пријатели од светот на познатите, но и многу драми со нив. Една од нив е дефинитивно Кендал Џенер, но нивната кавга некако успеа преку ноќ да помине незабележано од страна на јавноста. Според гласините, нивното пријателство се расипало откако се шпекулираше дека Кендал е во врска со Хари Стајлс, поранешното момче на Тејлор. Тоа, наводно, била главната причина зошто нивното пријателство се распаднало. Потоа, ја шокираа јавноста кога Кендал се појави на сцената до Тејлор. Работите не беа долго време идеални, па така набрзо потоа следуваше уште една драма со Канје Вест - непријателот на Тејлор и сопругот на Ким Кардашијан. Канје јавно удри по Тејлор во својата песна, а Кендал во таа ситуација застана на страната на сопругот на нејзината сестра и не размислуваше за Тејлор, која доби голема поддршка од јавноста.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: