Приказната за 10-годишното момче кое живее само ги растопи срцата на целиот свет (ВИДЕО)
Приказната за 10-годишното момче од Виетнам кое живее само и по цел ден работи на поле, ги растопи срцата на милиони луѓе ширум светот.
Емотивната приказна за момчето од рурална средина во Виетнам кое одбива да биде посвоено откако го изгубило целото семејство, живее само и по цел ден работи на поле, ги растопи срцата на милион луѓе ширум светот.
Додека поголемиот дел деца нема за што да се грижат, освен да одат на училиште и да уживаат во детството, Данг Ван Кујен деновите ги поминува работејќи на полињата кои го опкружуваат во мало село во Виетнам, пренесува „Oddity Central“.
„Садам зеленчук и барам што може да се јаде и што би можело да ми го наполни желудникот“ - им кажа момчето на новинарите.
Животот никогаш не му бил лесен. Мајка му ја изгубил додека бил многу мал и морал да живее со баба му, додека татко му се обидувал да најде работа во градежната индустрија.
Ситуацијата драматично се влошила откако неговиот татко починал во несреќа на работа, а баба му повторно се омажила во друго село. Недолго потоа починала, а тогаш момчето останало без никаква поддршка.
Дотогаш се потпирал на финансиската потпора од својот татко, кој редовно испраќал пари за храна, облека и други потреби, а баба му била задолжена за готвењето. Откако тие не се со него, тој мора сето тоа да го прави сам.
Во репортажата која ја направија медиумите од Виетнам, момчето е прикажано како сади зеленчук на полето околу својот дом. Деновите и ноќите ги поминува во напиштената колиба со покрив, но не сака друго семејство да го посвои.
Откако слушнал за смртта на татко му, училот на момчето успеал да собере доволно пари за таткото на момчето да биде закопан и ги предупредил властите за ситуацијата на детето.
Бидејќи неговите баба и дедо не изразиле желба да го земат детето да живее со нив, единствено решение било сиропаталиште или посвојување.
„Не сакам друго семејство, ниту посвојување, можам да се грижам сам за себе“ - категорично посочи момето.
Моментално се потпира на великодушноста на своите соседи, кои му даваат храна како ориз, а бамбусите и зеленчукот ги одгледува сам.
„Единствено нешто не ми е удбно е тоа што сум сам навечер“ - им призна на новинарите.
Откако училот на момчето ја споделил приказната, медиумите од Виетман почнале да пишуваат за него, а поддршка пристигнува од целата земја. Некои се понудиле да го посвојат, други му подготвиле донации...
Момчето и покрај напорите, никогаш не пропуштило ден во училиште. Секое утро вози велосипед, посетува настава, а потоа се враќа дома за да ги заврши своите секојдневни обврски.
фото: Принтскрин / Фејсбук