Приказни и верувања: Зошто подаруваме мартинки?
На првиот ден од месец март се подарува МАРТИНКА, тоа е амајлија (нараквица) направена од засукани црвени и бели конци кој се дава за среќа.
Најчесто се прави од волна, а боите имаат и своја симболика: црвена - крв, живот; бела - чистота, среќа. Традицијата вели дека најстарата жена во семејство треба на рацете на децата да им стави мартинка за здравје и против уроци. Во поново време мартинките се подаруваат на личност која ја сакаме и која ни значи во животот.
Приказни поврзани и верувања поврзани со мартинките има колку ви душа сака. Едно од нив е дека кога ви се врзува мартинката на рака треба да си замислите желба, а истата да ја носите додека не го видите првото процветано дрво, каде ќе ја оставите, или пак да ја фрлите по првиот видел штрк.
Исто така интересно е тоа што овие амајлии се познати под неколку имиња како: мартинки во Македонија, мартеница во Бугарија, мартишор во Романија и Молдавија.
На кого ќе му подарите мартинка?