Прилепското чупе е подготвено за празничната сезона: Како изгледа домот на најмалата македонска инфлуенсерка? (ФОТО)
Домот на малата Марија во празничко издание...
Двегодишната Марија Керпичоска од Прилеп за кратко време ги освои срцата на илјадници корнисници на Инстаграм. Си преслатките фотографии кои ѝ ги прават нејзините родители, доби голем борј следбеници, кои едвај ги чекаат нејзините нови фотографии.
На нејзиниот Инстаграм профил има секакви фотографии - од тематски, па сѐ до фотографии од нејзиното секојдневие и приватни прослави.
Сега коа полека ни пристигнува Новата година, празничната атмосфера почна да владее во домовите кај многу граѓани, Марија и нејзината мајка Зорица, решија да ги отворат вратите од својот дом и за Хаштаг да откријат како го имаат украсено.
Од фотографиите кои ги добивме може да се заклучи дека навистина се потрудиле и дека размислувале на секој детаљ. Размилувале на секој агол од дневната соба. Во секое ќоше има по нешто што потсетува на претстојните празници.
Украсувањето на нивниот дом траело цели два дена, а веруваме дека во овој простор ќе бидат направени многу интересни фотографии од малата Марија, на кои нејзините следбениците сигурни ќе се израдуваат.
За потсетување, во интервјуто кое пред неколку месеци го направивме со Зораца, мајката на Марија, таа откри како се прифатени децата инфлуенсери кај нас и дали добиваат негативни коментари нивните родители.
„Трендот на мали инфлуенсери почнува да доаѓа и кај нас, па така иние младите родители посебно мајките го прифативме тој инфлуенсерски живот на нашите малечки. А, ставовите за тоасе поделени. Некои од луѓето го прифаќаат тоа, а некои преплавуваат со негативни коментари.“