Прилепското чупе наполни две години: Роденденска забава во знакот на Велигден (ФОТО)
Марија Керпичоска, попозната како Прилепското чупе е една од најмладите инфлуенсерки на Инстаграм во нашата држава. Девојчето кое живее под градот на Марковите кули, наполни две години, а забавата по повод роденден беше декорирана во знакот на Велигден.
Зајчињата, пилињата, јајцата беа главните „херои“, а жолтата, зелената и портокаловата беа боите кои доминираа. Малата славеничка со својата комбинација ја разби енергијата која ја испраќаа силните бои, па скоцкана во нежно розово фустанче позираше во објективот.
Фотографирањето не е ништо непознато за неа, а тоа го потврди и нејзината мајка во интервјуто кое го даде за Хаштаг. Тогаш таа зборуваше и за тоа колку забаван процес е фотографирањето, но и изборот на фотографии.
„Повеќето од луѓето кога ќе погледнат во профилите на младите инфлуенсери гледаат самопрекрасни фотографии од мали дечиња кои мирно седат и позираат додека не се запознаени што всушност се случува. Децата на помала возраст се мошне палави и нетрпеливи, па затоафотосесиите ги правиме низ игра и забава. Посветеноста и трпеливоста на родителот му даваат потик на детето за полесна соработка. Едноставно, пред да објавиме фотографија правиме милион фотографии, па од нив ја одбираме најдобрата.“
ФОТОГАЛЕРИЈАТА од роденденот на Прилепското чупе, може да ја погледнете во продолжение:фото: Приватна архива