Примирје: Кеша и Лук постигнаа спогодба, почнуваат ново животно поглавје
По 9 години на суд, Кеша и Др. Лук се смирија по обвинувањата за силување, по што дадоа и заедничка изјава.
„Само Господ знае што се случи таа ноќ. Како што секогаш велев, не можам да раскажам се што се случи. Со нетрпение очекувам да ја затворам вратата на ова поглавје од мојот живот и да започнам ново. На сите вклучени страни не им посакувам ништо друго освен мир“.
- Кеша
„Иако ценам дека Кеша повторно призна дека не може да каже што се случило таа ноќ во 2005 година, јас сум апсолутно сигурен дека ништо не се случило. Никогаш не ја дрогирав ниту ја нападнав и никогаш не би му го направил тоа никому. За доброто на моето семејство, енергично се борев да го исчистам моето име речиси 10 години. Време е да ја оставам оваа тешка работа зад мене и да продолжам со мојот живот. На Кеша му посакувам добро“.
- Д-р Лук