Принцезата Шарлин не е добро: Однесена на лекување на тајна локација- на децата им недостасува многу
„Не спиеше добро неколку дена и воопшто не јадеше. Изгуби доста килограми, што ја направи ранлва и потенцијално болна- изјави принцот Алберт од Монако за својата сопруга, принцезата Шарлин.
Таа по десет месеци се врати во Монако, но сега веќе е на нова локација.
Се наоѓа на лекување во установа, но надвор од Монако.
Принцот вели и дека одлуката да побара лекарска помош ја донеле неколку денови откако се вратила од Јужна Африка и тоа со помош на браќата од принцезата. Тој во интервју за „People“ објасни дека неговата сопруга, која делува слаба, признала дека ѝ е потребна помош. Не открил детали од нејзината болест, но ја отфрлил можноста дека станува збор за канцер или Ковид-19.
Исто така тој посочил и за нејзините проблеми со менталното здравје, велејќи дека била преоптоварена и не можела да се соочи со службената должност, со животот генерално, како и дека е исцрпена, како емоционално така и физички.
Во меѓувреме открил дека нивните шестгодишни близнаци Габриела и Жак ја посетиле мајка им кога добиле одобрување од докторите. Тој додал дека и децата знаат дека нивната мајка е изморена.
Близнаците држеле транспаренти на кои пишувало:
„Мамо, ни недостасуваш“, во текот на прославата која била одржана вчера.
Принцот Алберт ја држел својата рака на срцето, додека ги гледал своите деца како ги подигнуваат транспарентите упатени кон принцезата Шарлин.
Фото: Холла