Принцезата Шарлин не личи на себе: Болна, ослабена и кревка- дали нешто лошо се случува со неа?

Принцезата Шарлин не личи на себе: Болна, ослабена и кревка- дали нешто лошо се случува со неа?

Објавена во: Живот // Живот

Неодамна, оваа „најтажна принцеза на светот“, како што медиумите често ја нарекуваат, објави фотографија на својот Инстаграм профил каде е во друштво со Мисузул Казвелитини, кралот на јужноафриканскиот Зулу народ.

Имено, Принцезата Шарлин, сопругата на Алберт од Монако, со месеци беше предмет на шпекулации, а светските медиуми интензивно полемизираат за причините зошто таа не се враќа во Монако со сопругот и децата, туку постојано го продолжува престојот во неа татковина - Јужна Африка.

„Ви благодарам за љубезноста и поддршката“, кратко прокоментирала Шарлин со традиционалниот поздрав „Баједе Нкоси“, што на африкански значи „поздрав до кралот“.

Но, нешто сосема поинакво го привлече вниманието на нејзините следбеници -43-годишната девојка изгледа далеку поразлично од периодот пред само неколку месеци. Се чини дека убавата принцеза драстично ослабе, а нејзиниот израз на лицето е уште потажен од порано.

\

„Тебе не ти е добро. Погледни ги нејзините раце“, „Изгледа навистина нездраво. Се надевам дека нема нарушувања во исхраната“, „Нешто сериозно и се случува“, „Изгледа многу уморно и толку тажно. Јас Ви посакувам брзо закрепнување“,"„Толку многу тага во твоите очи. Се надевам дека повторно ќе бидеш среќна“, се само некои од илјада слични коментари.

Да потсетиме, Шарлин е во Јужноафриканската Република од јануари годинава, а официјалните информации наведуваат дека таа е таму поради болест за која не можат да зборуваат и дека се опоравува. Како и да е, се погласни се гласините дека принцезата конечно избегала од кнежеството и од несреќниот брак во кој полека, но сигурно паѓаше.

„Таа не го напушти Монако нагло. Таа не замина затоа што беше лута на мене или на било кој друг. Отиде таму за да ја анализира работата на нејзината фондација и да помине извесно време со својот брат и пријателите“, објасни неодамна принцот Алберт за People.

„Колку долго може принцезата да се држи подалеку од своите деца, нејзините должности?“ 

Поради нејзиното продолжено отсуство, принцезата пропушти важни државни настани, а во исто време се раздели од своите деца - близнаците Габриела и Жак.

Двојката неодамна се обиде да ги прикрие гласините на Алберт и близнаците кои поминаа неколку дена во Јужна Африка, и објавија заеднички фотографии. Меѓутоа, експертот за говор на телото ги означи овие фотографии како „непријатни“ и дека на сликите не може да се види „никаква емотивна врска“ помеѓу принцот и принцезата. Се појавија и гласини дека Шарлин бара куќа во Јоханесбург.


„Колку долго принцезата може да се држи подалеку од своите деца, нејзините должности? Колку долго борбата против ловот на носорог ќе остане приоритет за принцезата од Монако“, пишува Телеграф.

Од друга страна, „Тајмс“ ја пренесува изјавата на Стефан Берн, познавач на кралската ситуација во Монако, дека Шарлин ретко останувала во кралската палата со Алберт и дека всушност живеела сама во стан над луксузна продавница за чоколади.

Лошите односи меѓу сопружниците укажуваат и на долгогодишното незадоволство на самата Шарлин, што лесно можеше да се прочита на нејзиното лице - скоро секогаш намуртено и без насмевка, поради што го доби прекарот „најтажната принцеза на светот“.

„Луѓето брзаат до заклучоци и се прашуваат зошто ретко се смеам на фотографии. Понекогаш ми е тешко да се смеам. Луѓето не знаат што се случува во позадина“, рече таа во јануари 2020 година.

Неодамна, 43-годишната девојка за јужноафриканските медиуми изјави дека целата ситуација била многу фрустрирачка за неа.

„Едвај чекам да се вратам, да ги видам моите деца. Ова е најдолгиот период на отсуство од Европа, а камоли без моите деца. Поголемиот дел од денот го поминуваме на Фејсбук, а тие неодамна беа со мене и ќе се вратат после мојата операција. Ова е неверојатна можност да бидам тука, но јас сум тажна затоа што не можев да бидам со моите деца, требаше да се вратам по 12 дена, но се покажа дека требаше многу повеќе време за да се реши проблемот што го имам. Не навлегувам во детали, но не можам да го забрзам третманот, така што ќе бидам стационирана во Јужна Африка. Не можам да летам над 3.000 метри, во спротивно ќе имам проблеми со увото“, објасни Шарлин.

Но, кралските извори тврдат дека Шарлин засега нема намера да се врати, а тоа наводно влијае врз имиџот за неа во јавноста на Монако.

„Од заминувањето на принцезата, јазиците се олабавија. Нејзиниот убав сјај згаснува, и мислат дека е исцрпена. Разочараните жени од Монако зборуваат за нејзиниот скриен гнев, чудното расположение, промената на фризурата“, пишува кралскиот аналитичар Берн , алудирајќи на избричената глава на принцезата што се смета дека е израз на револт кон ситуацијата во која се нашла.

Бракот е проблематичен од самиот почеток

Да потсетиме, овој брак беше пропратен со големи проблеми уште од самиот почеток.

Алберт се ожени со Шарлин, две децении помлада, во 2011 година, по 11 години врска ... Двојката ја започна својата романса уште во 2000 година, за време на натпревар за пливање во Монте Карло, каде што се најде како конкурентка. Имено, таа долго време била многу успешна во пливање, а настапувала за Јужноафриканската Република, каде ги поминала детството и младоста.

Јавноста дозна за нивната романса во 2006 година, кога почнаа да живеат заедно, а веридбата следеше четири години подоцна. Свадбата се одржа по неколку месеци, и интересно е што за време на церемонијата, Шарлин носеше елегантно светло сино одело со потпис на Карл Лагерфелд. Оваа нијанса беше наречена Шарлинско плаво, но еден ден подоцна на гала забавата, Шарлин сепак се појави во луксузна венчаница дизајнирана специјално за неа од Џорџо Армани.

Поради овој брак, Шарлин ја смени својата вера во римокатоличка, иако беше израсната како протестантка, а исто така мораше да се откаже од спортската кариера, да го совлада францускиот јазик и локалниот дијалект на некои од жителите на Монако и да научи правила на Европскиот суд. И не само што направи жртва поради овој брак, туку и целото нејзино семејство, кое потоа исто така се пресели во Монако.

Има интересни гласини за кои се зборуваше во пресрет на венчавката - неколку медиуми тврдат дека Шарлин се обидела да избега од Монако, на денот кога Алберт наводно признал татковство на своето трето вонбрачно дете. Напишано е дека се обидела да се качи на авион во Ница, но полицијата ја пресретнала и буквално и го украла пасошот.

Foto:Profimedia

Потоа, самиот Алберт, како и другите претставници на палатата, мораа долго време да молат за прошка и да ја убедат да остане, барем додека не роди легитимен наследник.

„Шарлин ќе обезбеди наследник, и ако работите не се одвиваат добро, таа ќе добие дарежлив развод откако ќе помине некое пристојно време“, рече тогаш еден извор.

Подоцна, Шарлин овие приказни ги нарече „одвратни лаги предизвикани од љубомора“.

Шпекулациите не застанаа овде - многумина ги протолкуваа солзите на принцезата на венчавката во црквата како „знак на тага и очај“, а дополнителниот „оган“ беше разгорен од фактот што парот престојуваше во различни хотели првата ноќ од нивниот меден месец.

Извор: zena.blic.rs


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: