Принцезата Шарлот се појави за прв пат на Вимблдон и ги воодушеви сите: Реакциите на малата принцеза беа преслатки
Ова беше возбудливо искуство за неа!
Принцезата Шарлот беше копија на нејзината стилска мајка, принцезата Кејт, додека носеше тренди наочари за сонце за да ги гледаше Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз како се борат на Централниот терен за титулата на Вимблдон.
Шарлот седеше до својот брат, принцот Џорџ додека со голема возбуда го следеше натпреварот. Таа на моменти нервозно „гризеше нокти“, а заедно со принцот Џорџ се чини дека поминаа низ различни емоции додека ја следеа играта.
Во некои моменти принцезата потона во столот и изгледаше како да не може да поднесе да го гледа натпреварот.
По нејзините реакции се чинеше дека навива за Карлос.
Инаку кога семејството пристигна теренот на Вимболдон беа пречекани со аплауз пред натпреварот. А се чинеше дека децата навистина уживаа, и очигледно е дека не можеа да ги сокријат емоциите и токму затоа ги освоија срцата на многумина присутни, но и на други луѓе кои гледаа на малите екрани.
Фото: youtube/screenshot