Принцот Џорџ наполни 8 години: Родителите објавија емотивна фотографија од момчето

Принцот Џорџ наполни 8 години: Родителите објавија емотивна фотографија од момчето

Објавена во: Совети // Семејство

Принцот Џорџ денес наполни 8 години, а неговите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, објавија роденденска фотографија на својот официјален Инстаграм профил.

Третиот во редот за британскиот трон е прикажан во Норфолк. Тој топло се смее додека седи покрај автомобилот, додека на полето зад него на опуштениот портрет расте жолто цвеќе.

Војвотката од Кембриџ овој момент го фотографираше порано овој месец, додавајќи ја оваа фотографија во колекцијата официјални роденденски фотографии.

Принцот Џорџ седи на автомобилот марка „Лендровер Дефендер“ во чест на неговиот прадедо, покојниот принц Филип.

Објавата собра повеќе од милион лајкови.

За посетување, поради злите коментари на кои е изложен младиот принц по Европското првенство во фудбал, Кејт и Вилијам размислувале оваа година да ја прескокнат традицијата и да не објават портрет од принцот Џорџ за неговиот роденден.

фото: John Stillwell—WPA/Getty Images

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: