Принцот Џорџ утре ќе полни 8 години: Го очекуваат подароци од кои на Вилијам му се крева косата
Утре, принцот Џорџ ќе наполни 8 години!
Принцот Џорџ утре ќе го слави 8 - от роденден и Бекингемската палата е на маки! Кралскиот готвач веќе го потготвува менито за детскиот роденден.
Што ќе се најде на менито за роденденот на принцот?
На роденденското мени ќе се најдат сендвичи со колбаси и јајца, желе и сладолед. Меѓутоа, покрај храната која ја сакаат децата, принцот Џорџ најмногу го интересираат подароците кои очекува да ги добие. Имено, традиционално за 8 - от роденден, момчињата во Бакингемската палата добиваат посебни подароци од кои принцот Вилијам е преплашен.
Овој подарок е инспириран од принцезата Дајана и се практикува секоја година за родендените. Џулија Самјуел (60) беше најдобрата пријателка на принцезата Дајана, бабата на Џорџ. Оваа дама секоја година носи подароци со кои принцот Вилијам не знае што да прави.
Подароците се склопуваат со денови
Принцот Вилијам редовно се нервира, бидејќи станува збор за подароци кои произведуваат бучава и тешко се монтираат. Тој се лути на Џулија, но таа нема да престане.
„Купувам многу подароци за Џорџ, како што сигурно Дајана би правела. Децата уживаат во звучните и светлечки подароци. Знам дека Вилијам поминува денови во монтирање на подароците, но децата уживаат“ - објаснува Џулија.
„Овие подароци предизвикуваат насмевки и Џорџ многу ужива во тоа“ - истакна пријателката на принцезата Дајана во емисијата „Elizabeth Day's podcasts How To Fail“.
Инаку, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам децата ги воспитуваат строго на традиционален начин.
фото: Youtube/ screenshot The Royal Family Channel