Принцот Филип бил разочаран од разводот на Чарлс и Дајана: Само глупав човек би ја оставил

Принцот Филип бил разочаран од разводот на Чарлс и Дајана: Само глупав човек би ја оставил

Објавена во: Живот // Живот

Во писмата што принцот Филип наводно ги напишал на Дијана откако дознал за разводот со Чарлс, тој ја поддржувал, но признал дека не го поддржува брачно неверство. Тој сакал да спречи писмата да стигнат до медиумите...

Крајот на бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс е еден од најголемите скандали со кои се одбележува животот на британското кралско семејство, но писмата откриени во 2003 година покажаа дека принцот Филип го осудува неверството на неговиот син и ја зазема страната на Дајана.

По вестите за разводот на Дајана и Чарлс во 1992 година, светот во најмала рака беше зачуден. Околностите на разводот на бракот полека излегуваа на виделина и наскоро стана јасно дека Чарлс сака да се ожени со Камила Паркер - Боулс, со која сѐ уште е во брак. Семејството не беше благонаклонето кон фактот дека неверството е причина за разводот.

По интервјуто што Дајана му го даде на Мартин Башир, и кога јавно проговори за борбата против булимијата, самоповредувањето, но и неверството на нејзиниот сопруг, кралицата Елизабета беше таа што ги посоветува да се разведат.

Сепак, од писмата напишани од принцот Филип до Дијана во 1992 година, кои беа откриени 11 години подоцна, принцот бил груб кон неговиот син: „Чарлс беше глупав што својата позиција ја ризикуваше со Камила“ - напишал тој.

„Не можам да замислам дека некој со здрав разумот би те оставил за Камила“ - додал принцот Филип во писмата кои ѝ ги испратил на Дајана, не криејќи го разочарувањето, но додавајќи дека не е талентиран да дава совети за брак.

Исто така, тој ѝ напишал и дека ниту тој ниту кралицата не одобруваат било кој од нив да има љубовник или љубовница, пишува SWLondoner.

„Сандеј тајмс“ објави дека Чарлс се обидел да го спречи објавувањето на писмата во јавноста, што медиумите го сфатиле како очигледен знак дека станува збор за автентични писма.

фото: Steve Parsons/Press Association/PIXSELL

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: