Принцот Хари и Меган Маркл ја прекинуваат тишината со посета на Опра: Ќе зборуваат за напуштањето на палатата

Принцот Хари и Меган Маркл ја прекинуваат тишината со посета на Опра: Ќе зборуваат за напуштањето на палатата

Објавена во: Живот // Живот

Двојката очекува второ дете...

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Американката Меган ќе го прекинат молкот за нивното заминување од Бакингемската палата во интервју кое ќе биде дадено во емисијата на познатата американска ТВ ѕвезда Опра Винфри следниот месец.

Принцот Хари и Меган, кои во неделата објавија дека очекуваат уште едно дете, минатата година ја шокираа јавноста и семејството кога објавија дека планираат да го напуштат животот со кралското семејство, објави Ројтерс.

Двојката се пресели во Јужна Калифорнија минатата година со својот син Арчи и потпиша повеќегодишен договор за продукција со компанијата Нетфликс, кој во голема мера ги обезбеди нивните планови да живеат независно од кралското семејство.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: